НЕРАЗУМЕН ПОТЕГ НА ВЛАДАТА,
ГИ УНИШТУВА КАРИЕРИТЕ –
НА МУЗИЧКИТЕ УМЕТНИЦИ!
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Драги пријатели, останав без текст, кога се појави нформацијата, дека владата во сабота на 14 јули ќе слави уценото, условено добивање на покана за влез во НАТО – ако смениме вековното име! За подсмев на социјалните мрежи беше и прославата во тунелот со чочеци и труобачи. Не знам кој го праи пијарот, кој го советува премиерот г-дин Зоран Заев – очигледно „ВМРОВЕЦ Е“! Со досегашните потези премиерот г-дин Зоран Заев, со прославата во тунелот, со бакнување на пенкалото на Стонтеберг, повеќе е од трагикомичо – конкурира на „театар комедија“. Прво не добивме покана да станеме членка на НАТО, Ќе добиеме ако го смениме името, „ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“ – ако во целост го спроведеме. До сега беа слични пораките од НАТО, решавање на спорот со Грција – со други зборови дадена е невозможна задача, за да не се прекрши договорот со Русија за поделба на интересните сфери во Геоплитиката. Г-дине Зоран Заев, зачувајте бар малку доинство, фудбалки кажано „НАГАЗЕТЕ ЈА ТОПКАТА“ – ОТКАЖЕТЕ ЈА „ПРОСЛАВАТА“! Со прославата ќе ги уништете музичките кариери на музичарите и пејачите, кои ќе учествуваат „на големиот успех – трагикомичната условена покана за НАТО“!
Не можам да ги раберам уметниците, што ќе учествуваат на прославата во 15 градови, да ли се свесни, дека си ја загрозуват кариерата, дека понатаму концертите ќе им бидат без публика, а истите народот ќе ги прогласи за предавници, што почна да го прави по списокот на нивните имиња – социјалните мрежи вријат со коментари – прогласувајќи ги уште сега за предавници. Друго е настап во партијска кампања за избори, а друго е да се слави катастрофално погубен договор на земјата и уцена за влез во НАТО.
Драги уметници, за овој ваш потег во моето село велат „Таман ја измолзев кравата, ја ритна кофата – млекото се истури“! Кариера тешко се гради, еден непромислен потег може да ја уништи!
Споделете