ТИБЕТАНСКИ МЕТОДИ НА ПРОРОКУВАЊЕ
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Од што се и како Тибетанците ја „читаат” својата судбина? Одговорот е исто така прашање: А од што не? Од природата, од предметите, од духовите…
Во тибетанскиот народ с# уште е жив обичајот да му се обраќаат на ламата за да дознаат што ги чека во иднината, но и да го дознаат своето минато, бидејќи веруваат во реинкарнација. Еден од најчестите облици на пророкување е “Мо” со употреба на коцки. Според тибетанскиот мајстор Сакјо Тризин, вештината Мо е едно од средство со кои непросветлените битија можат да се обратат и од Буда да побараат помош и поддршка за да ги надминат тешкотиите на секојдневниот живот.
Во еден од методите кој се користи при таа техника (т.н Мо Мањушри или Буда на знаењето), во кој се користи една коцка, а на секоја нејзина страна е врежан по еден слог од мантрата Мањушри: личноста која треба да се препушти на читањето на судбината се повлекува на соодветно место, се концентрира и го повикува Буда на Знаењето, а потоа ја рецитира следната молитва: “ОМ, Величествен Мањушри, кој поседуваш очи на трансцеденталното знаење и кој без пречки ги гедаш трите времиња, те молам подари ми го своето внимание. Во името на моќта на вистината, те молам јасно покажи ми го она што треба да го прифатам и она што треба да го отфрлам.”
Потоа се читаа две определени мантри. Мо не се користи само за предвидување на иднината, туку дава и совети за надминување на разни проблеми, главно врзани за духовни прашања и верски ритуали.
ОГЛЕДАЛЦЕ, ОГЛЕДАЛЦЕ…
Тој метод на читање на судбината го користат само возрасни жени обдарени со способност во огледалото да видат облици. Процедурата е следната: најпрво се поставува некој вид мал олтар со разни понуди (вода, цвеќе, инсенси и ламби на масло), а потоа во центарот се поставува метално огледало кое мора да биде блескаво чисто. Откако ќе се постави прашањето и се дадат податоци на заинтересираната личност, жената почнува да чита низа молитви и мантри. Набрзо во огледалото почнува да се појавува слика која може да претставува некаков предел, име, симбол или боја. Клучна работа е личноста да знае како да го протолкува тоа што се појавува во огледалото. Тоа е многу тешко, што само ги докажува парапсихолошките способности на оној кои тој метод го практикува.
ГРАКАЊЕ НА ГАВРАНИ
Според тибетанското верување и летот и гракањето на гавраните имаат значење и еден од најстарите тибетански методи за читање на судбината се занимава со тоа. Секое движење на тие птици, да кажеме, дали гавранот доаѓа од левата или од десната страна, в зори или во некое друго време, дали е во прашање една птица или цело јато кое можеби се упатува кон хоризонтот – сето тоа според тибетанското верување нешто зборува. Истото се однесува и на гракањето во кое Тибетанците разликуваат повеќе различни тонови: “чу-чу” значи добро-добро, “таг-таг” средно, “краг-краг” нешто што многу брзо ќе се случи, “крог-крог” означува пријател, а “чу-ју”значи “посредник”.
ПОРАКИ НА ОБЛАЦИТЕ
Дури и облаците им зборуваат на Тибетанците. Не само за да им ги кажат метереолошките состојби, туку за да ги известат за претстојните збиднувања на таа територија. Тибетанските номади, навикнати најголемиот дел од времето да го минуваат на отворено, научиле со текот на вековите да го набљудуваат лицето на небото и да ги дешифрираат неговите пораки. Значењата се добиваат од комбинацијата на девет сектори, на колку што се дели небеската капа и на десет раздобја на денот. Пораката, значи, зависи од положбата и насоката на движењето на облакот во моментот кога тој минува. Така облакот кој доаѓа од север, во пладне, значи добра вест за сите, додека в зори на североисток го најавува доаѓањето на гласникот. Облакот на североистокот при квечерина покажува неминовно доаѓање на неволја, додека облакот кој на североисток се појавува наутро значи опасност. Облакот на исток в зори укажува на доаѓање на божествена личност.
ТАБЛА ЗА ПРОРОКУВАЊЕ
Ова е еден од најраширенте методи за читање на судбината. За ритуалот се потребни семки со две различни бои кои се фрлаат на таблата со различно обоени полиња. Има многу видови од тие табли, а една од нив е посветена на Тара, женскиот елемент на Буда и нејзините дваесет аспекти. Ритуалот почнува така што на Тара & се укажува почитување и молба да посведочи за Вистината. Потоа се поставува прашањето, а потоа се рецитира мантрата на Тара и истовремено во двете реце се земаат онолку семки, колку што има полиња на таблата, од кои сите се бели освен една која е црна. Семките најпрво добро се мешаат, а потоа се земаат од една рака со палецот и показалецот и се поставуваат на секое поле на таблата на кои се наоѓаат разни преставувања на Тара. Тара на која ќе падне црната семка е она која го дава одговорот. Таблата одговара на прашања од четири различни области: семејство, патување, здравје и општо добро.
СО ПОМОШ НА ДУХОВИ
Еден од методите на тибетанско предвидување на иднината е и пророкувањето со помош на “духови”. Таа практика со текот на вековите толку се има развиено, што на Тибет има многу мажи и жени кои ја извршуваат улогата на медиум и ги пренесуваат наводно од вишите битија. Станува збор за личности кои се надарени со посебна сензитивност, способни во себе да примат дух. Тој облик на предвидување на иднината се користи и во многу други духовни традиции, но на Тибет, благодарејќи на вниманието кое му се посветува и на специфичните ритуали попримил единствени облици.
Медиумот, во облека од свилен брокат тешка четириесеттина килограми, со придружба на на двајца помошници, влегува во храмот и седнува на престолот кој се наоѓа во самиот центар на зданието. Потоа монасите ја започнуваат церемонијата на повикување, проследени со молитви и запевувања со звук на чинели, труби и барабани. Во текот на таа церемонија, медиумот се опушта и очекува во своето тело да го прими духот кој го привикува. Во кус рок на неговото тело се случуваат многу забележливи промени, лицето му натекува, а очите се испакнуваат, почнува да се тресе, дишењето станува неправилно и на крајот, на кратко, сосема престанува, а помошниците во тој момент силно го стегаат јажето кое се наоѓа на неговото покривало за главата. Во тој момент медиумот скока и почнува да игра. Со таа енергична игра покажува дека е целосно опседнат и дека можат да му постават прашања. Потоа, кога духот престанува да зборува и кога ќе го напушти телото, медиумот паѓа, онесвестен и целосно без сила, со што церемонијата се завршува.
МОНАХОТ И МОЌНИОТ ДУХ
Едно од најмоќните пророчишта на Тибет е Нечунг. Неговото необично потекло е во цврста врска со далај лама и свештеничката хиерархија на таа земја, а корените ги влече од прастарите народни легенди. Монахот од Ласа, според таа приказна, видел како реката носи некое ковчеже. По повеќе неуспешни обиди, успеал да го дофати и да го извлече надвор. Но, во ковчежето бил затворен моќен дух, кого еден врач од планините успеал да го зароби. И така, кога монахот го отворил ковчежето, духот излегол од тесниот простор (“нечунг”) во кој бил заробен и побегнал во блиската шума каде од тогаш живее. Во страв дека моќниот дух ќе ги прогонува, монасите на тоа место изградиле храм и почнале да одржуваат цеременои со кои му заблогодарувале на добродетелите. Еднаш монахот кој бил задолжен да го чува храмот почувствувал дека духот влегол во него, а останатите сакале да ја искористат таа можност и почнале да му поставуваат прашања и така настанало пророчиштето Нечунг.
СО ПОМОШ НА БРОЈАНИЦИ
Еден од најстарите облици на читање на судбината на Тибете е пророкување со помош на бројаници, кои се користат за одбројување на мантри. Во тој случај неопходно е околу себе да се создаде атмосфера на совршен мир и хармонија, со малку миризливи стапчиња, свеќи и мириси. Сето тоа ја олеснува медитацијата, која кај Тибетанците е основен предуслов за секој облик на читање на судбината. Оној кој пророкува мора својот ум целосно да го исчисти од мисли, за да може да стапи во контакт со “своето вистинско битие”. Потоа се читаа молитви со помош на бројаници и се повукува Буда на милосрдноста со рецитирање на неговата мантра…
Предвидувањето според движењето на облаците и на птиците – бидејќи е засновано на вековно набљудување на елементите на природата – може да се смета релативно сигурно и духовно правилен метод. Но за другите овде опишани методи не може тоа да се каже, бидејќи очигледнои се магиски (гатачки) или (старо) спиритистички – како, всушност и најголемиот број предвидувачки методи во светот. Или пак се изведени од ламаизмот – мешавина на будизмот и домашната, постара, паганска религија.
Споделете