Гимнастика на помнењето
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Ако имате проблеми со помнењето и со концентрацијата, започнете веднаш со оваа ментална гимнастика што ќе Ви ја разоткриеме. Таа е препорачана од најдобрите медицински експерти по неврологија и геронтологија. После два месеци вежбање повторно ќе бидете во форма и ќе ја избегнете атеросклерозата.
Важни правила за секој ден
1.Внесете во вашиот живот нешто ново.
Здодевноста и едноличноста претставуваат убиец на меморијата. Најпросто нешто што може да го направите е да ја смените патеката по која што одите на работа или до продавница. Префрлете го вашето радио на друга станица, гледајте и други телевизиски програми покрај оние што Ви се омилени, сменете го ритамот на јадењето – започнете со третиот или со вториот дел на оброкот, наместо со првиот.
-
Оптоварувајте ги двете хемисфери на мозокот
Левата хемисфера на мозокот е задолжена за логичните чекори и за одлуките, и го контролира функционирањето на органите и на системите во десниот дел од телото. Десната хемисфера на мозокот го прави спротивното, и е задолжена за нашата фантазија, интуиција и творечките идеи.
Натерајте го мозокот да прави за него несвојствени нешта – така ќе го тренирате и ќе го одржите во форма. Ако сте левак, работете почесто со десната рака и обратно. Колку и да е тешко, обидете се да си ги измиете забите со лева рака или да цртате со неа.
-
Не создавајте си противречности во мозокот
За да бидете во одлична форма, треба да работите на координација на движењата Правете полесни и потешки вежби. Работа ќе заврши и марширањето во место, кревањето на левата и на десната рака.
-
Учете се да гледате со внатрешниот вид.
Колку стануваме повозрасни, толку повеќе им се доверуваме на внатрешните сетила. Одлични резултати дава и обидот да се движиме низ куќа со затворени очи, кога се обидуваме да го најдеме столот, фотелјата, масата или некој друг предмет. Кога ги изолираме другите сетила и канали за информација, се разболуваме од Алцхајмерова болест и склероза.
-
Тренирајте.
Кога се среќавате со некого на работа или на друго место, погрижете се да му го запаметите името, професијата, надворешниот изглед, бојата на гласот или нешто друго што Ви е впечатливо. Тоа е магичен тренинг за мозокот.
5.Секој ден учете нешто ново.
Секој ден прелистувајте го атласот и учете нешто ново, барајте информација во различни реченици или решавајте крстозборка. Така секогаш ќе бидете во форма. Никогаш не е доцна да почнете да учите друг јазик – тоа е прекрасен стимул за мозокот. Меморијата ќе Ви биде витална, и никогаш нема да ви недостигаат зборови или мисли.
7.Помнете стихови наизуст.
Тоа е моќно помагало. За да си го олесните процесот на запомнување, одвреме – навреме помирисувајте билка или друг аромат што го сакате а тоа ќе ви создаде пријатно расположение и ќе ви даде помош.
8.Не оставајте недовршени нешта.
Секое одложување ги заморува и ги тормози мозокот и меморијата. Направете реални распореди за денот или за неделата кои што ќе може да ги остварите без стрес и прекумерно оптоварување. Најлесното завршувајте го веднаш – тоа е одлична заштита од хаосот и блокирањето на умот.
Така, после секоја исполнета задача ќе се подобруваат нашето самочувство и расположението.
Споделете