ХОРОСКОПОТ И ЦВЕЌИЊАТА: Вашиот хороскопски знак и Вашите цвеќиња
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Многу љубители на собни растенија често се жалат дека кај нив не успеваат некои цвеќиња. Дури и најголемата грижа не помага на цвеќето да му се вратат живоста и добриот надворешен изглед. Често се случува цвеќињата да бидат уништени од некое заболување што не може да се спречи дури ниту со најсилните средства. За тоа постојат неколку причини, од кои една е карактерот на човекот, определен од неговиот хороскопски знак.
Како по правило, претставниците на хороскопскиот знак Скорпија често се жалат дека во нивните саксии се појавуваат многу паразити. Јарците често се незадоволни од слабиот раст на нивните цвеќиња, Близнаците пак не можат да ги натераат цвеќињата да цветаат. Истражувањето покажува дека претставниците на ист хороскопски знак често пати се среќаваат со исти проблеми при одгледувањето цвеќиња. Определените особини на карактерите и енергијата што ја носат претставниците на определени хороскопски знаци го одредуваат брзото или бавното развивање на лисјата, им помагаат или им пречат на растенијата да цветаат или да даваат плодови.
Секој може да одгледа убави цвеќиња во својот дом, но за да дојде до тоа треба да ги знае проблемите коишто може да ги предизвика без да сака.
ОВЕН – Луѓето со овој хороскопски знак може да се судрат со проблеми на претерано брзо сушење на земјата. Освен тоа што со два други знака се потчинети на огнената стихија, Овенот е најсилен од нив. Неговиот огнен карактер, внатрешниот оган и импулсивноста, ја голтаат влагата од растенијата за коишто се грижи. За да бидат здрави и убави Вашите растенија, ќе треба да ги полевате повеќе отколку што се препорачува во напомените за нивната нега.
БИК – Треба да се запознаете со вистинските размери на грижата за цвеќињата. Бикот е знак на економијата, а неговите цвеќиња може да настрадаат од прекумерно ѓубрење, претерано наводнување и прекумерна светлина. Растенијата за коишто се грижи Бикот се потчинуваат на ззаконите на економијата, и се чувствуваат многу подобро во попосна почва, та затоа и не чини да се наѓубруваат секоја седмица. Кога се грижите за растенијата стриктно придржувајте се кон инструкциите и не зголемувајте ги посочените дози. Не ѓубрете ги цвеќињата во текот на зимата, а во текот на летото не изложувајте ги на силна сончева светлина.
БЛИЗНАЦИ – Растенијата за коишто се грижат Близнаците можат да растат многу брзо, и тоа не само нагоре, туку и настрана. Тоа е знак дека Близнаците се знак на движењето и на комуникациите. Тој знак одговара и на размената на материите. Брзиот раст е радост за секој што одгледува цвеќе, но тој претставува и брза размена на материите, што бара и често ѓубрење и наводнување на земјата. Растенијата на Близнаците најдобро ќе се чувствуваат во просторија со свеж воздух. Често потхранување со ѓубрива и со воздух – тоа се тајните за Вашите цветови.
РАК – Претставниците на овој знак се жалат дека нивните растенија згаснуваат токму при своето расцветување. Раковите се воден знак, и, како по правило, нивните цвеќиња гинат од претерано влажен воздух или влажна почва. Многу често растенијата што ги одгледуваат Раковите умираат од гниење на корењата или од премногу наводнување. Не полевајте ги растенијата во текот на зимата. Проверувајте честопати со прст дали земјата во саксиите е сува, и полевајте ги само кога ќе одредите дека е навистина сува.
ЛАВ – Цвеќињата на Лавот секогаш имаат потреба од повеќе светлина. Лавот се управува по Сонцето, што го прави знак на светлината и на љубовта. Вашите цвеќиња ќе се чувствуваат многу добро доколку ги оставите во просторија со многу светлина, а им давате и дополнително осветлување. Познато е дека растенијата се чувствуваат многу подобро кога за нив се грижите не само формално, туку и кога со нив разговарате и кога се грижите од срце и со љубов. Најголема корист е на цветот да му зборува токму претставник на Лавот, кој е знак роден под знакот на љубовта .
ДЕВИЦА – Девиците се земјен знак чијшто живот е исполнет со грижи и себежртвување. Затоа растенијата за коишто се грижат Девиците треба да се предмет на специјални грижи. За Девиците не постои универзално правило за одгледување на растенијата. Тие треба подеднакво и доволно да се грижат за с#: влага, доволно светлина, грижливо пресадување, бришење и чистење на лисјата и често фрлање на исушените лисја. Бидете како родител на растенијата во вашиот дом и тие нема да се разболуваат.
ТЕРЕЗИЈА – Оние Терезии што сакаат нивните растенија да се со одличен изглед и исто такво здравје, треба да ги стават во многу убави саксии. Терезиите – естетите во хороскопот, бараат внатрешна хармонија и треба да знаат дека цвеќињата ќе им бидат здрави ако лисјата им се секогаш грижливо измиени, дури да сјаат, и им се убаво оформени. Често вртете ги саксиите кон светлината, па нема да има потреба цвеќињата да се вртат самите кон неа. Фрлајте ги овенетите лисја и исушените цветови, и оформувајте ги растенијата во онаа форма што ја посакувате.
СКОРПИЈА – Одгледувачите на собни растенија многу често се жалаат на присуство на штетници по нивните растенија. Скорпијата е единствениот знак којшто е надарен со отров. Затоа тие треба многу често да ги прскаат своите растенија со инсектициди и разни препарати против штетници. Верувајте, не треба да чекате да се појават инсектите за да почнете да дејствувате со заштитни средства.
СТРЕЛЕЦ – Вие сте огнен знак, и Вашите растенија ќе се чувствуваат многу добро ако ги ставите близу до прозорецот. Дури и во зимски период растенијата, исто како и Вие, ќе се стремат кон светлина и топлина. Колку растенијата се поставени подалеку од изворот на светлина, толку поболни и поистоштени ќе бидат. Вашите цвеќиња во текот на целата година имаат потреба од светлина и од топлина. Обезбедете вештачка светлина.
ЈАРЕЦ – Јарецот е земјен знак. Вашите цветови може недоволно да растат и да се развиваат зашто земјата не им е доволно ровка. Затоа ќе правите дренажа, мешајте ја земјата честопати со песок, за во неа да навлезе кислород.
ВОДОЛИЈА – Припадниците на овој знак се луѓе на изненадувањата. Затоа не може да се прогнозира какви проблеми може да имаат растенијата што тие ги одгледуваат. Сепак, за да ги осигурите и убавината на Вашите растенија, чувајте ги од студ и од промаја.
РИБИ – Растенијата коишто им припаѓаат на овие луѓе треба да го чувствуваат високото духовно ниво на својот стопан. Тие ги одбиват од луѓето моралните искушенија. Затоа нивните цветови може да се чувствуваат добро и без потхранување со вештачки ѓубриња и со други супстрати, и без често наводнување и чистење. За нив е важно и духовното општење. Затоа зборувајте им на своите растенија, полевајте ги со света вода.
Кога ќе патувате, погрижете се да ангажирате некој Ваш близок да се грижи за растенијата што ги чувате. Во спротивно, тие ќе се разболат, изложени на студ и на промаја. Тоа се должи на фактот што запаѓаат во состојба на шок поради недостигот на вообичаената енергија.
Собните растенија можат да ги лекуваат нашите душа и тело, ја прочистуваат атмосферата во нашиот дом, но важно е тоа што ние со нашето позитивно однесување кон нив ги полниме со енергија, со која што тие подоцна ни помагаат. Затоа, ако посакувате да имате убави и здрави растенија во домот, најважно е да ги сакате.
Споделете