“Боки 13 е западен проект“ (видео) тврди поранешниот началник на белградската полиција Марко Ницовиќ… Да ли преко Боки 13 работодавците го рушат Заев??

ХОРСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Поранашниот началник на белградската полиција Марко Ницовиќ тврди дека Боки 13 е западен проект, поточно проект на работодавците на премиерот Зоран Заев. Ако помнењето добро ме служи, нормално ако се работи за иста личност, поранешниот началник на белградската полиција Марко Ницовиќ познат ми е од пред 40 години (1977-1978 година). Марко Ницовиќ беше карате инструктор кој тогашната милиција на СФРЈ, го ангажираше за обука на специјалните сили. Марко Ницовиќ (ако е тој што го помнам) беше карате мајстор – вадаријум стил, кој прво почнав да го тренирам, потоа се префрлив на шотокан, кој го водеше браќата Илија и Владимир Јорго. Ово го напомнав сериозно да се земе изјавата на Марко Ницовиќ, бидејќи долги години беше дел од тајните и специјалните милицијски сили на СФРЈ, подоцна на СР Југославија и на крајот на Република Србија. Ово зборува дека изјавата ја дава личност која е добро информирана од разузнувачките канали. Но, ако се добро анализира изјавата на поранешниот началник на белградската полиција Марко Ницовиќ, на Боки 13 српската разузнувачка служба му залепила „партнер“ српски политичар. Секој аналитичар знае дека во Белград цел спрат во министерството за одбрана на Србија има остапено на НАТО. Ово зборува дека проектот „Боки 13“ е заеднички проект на Западните и српските разузнувачки служби. Заканите што ги упатува Боки 133 до премиерот Зоран Заев држат вода, бидејќи компромитирачки докази поседуваат српската разузнувачка служба, како и западните рсазузнувачки служби – работодавците на премиерот Зоран Заев. Самиот податок дека снимањето е организирано преку бугарската разузнувачка служба, јас би рекол и српската разузнувачка служба, многу зборува. Италија не е случајно избрана од каде ќе се пласира аферата „рекет“ – Италија и Србија имаат одлични билитерални и економски односи, како и соработка на нивните разузнувачки служби. Не е исклучено во неделата што е пред нас, да се пуштат нови компромитирачки материјали од Италија.

           За мене, како новинар аналитичар ово е шлаканица и од српската разузнувачка служба, поточно од претседателот Александар Вучиќ за средбата на премиерот Зоран Заев со српската опозиција. Самиот  претседател на Република Србија Александар Вучиќ изјави, како и многу српски политичари и служби „Во Скопје се наоѓа штабот на српската опозиција за рушење на претседателот Александар Вучиќ. Со штабот раководи премиерот Зоран Заев, кој е во добра врска и комуникација со премиерот на Косово (во оставка) Рамуш Харидинај“.

           За неодамнешната изјава на премиерот Зоран Заев „Нема да дозволам еден педер да ја сруши владата“. „Педерот“ е само машата, позади се работодавците и поздравот од претседателот на Србија Александар Вучиќ.

           Во моето родно село Зрновци велат „Не се дружи со „ „педери“, ќе те начекаат во некоја темница.

           Ви препорачувам внимателно да го погледнете видеото со изјавата на поранешниот началник на белградската полиција Марко Ницовиќ.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20