Талибанците се закануваат на САД: Амириканците за откажување на преговортите ќе платат повеќе од сите досега….

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

По откажувањето на преговорите на САД, поточно на претседателот Доналд Трамп со талибанците и претседателот на Авганистан, кои беа пристигнати во САД – талибанците се заканија.  На САД им порачаа, откажувањето на преговорите за мирно разрешување американците ќе ги чини повеќе од било кого досега. Само за потсетување претседателот на САД Доналд Трамп ги откажа преговорите со талибанците поради бомабашкиот напад во Кабул, каде загина американски војник. Повеќе за заканите на талибанците пишува порталот http://vostok.rs/index.php?option=btg_novosti&catnovosti=7&idnovost=122127&Talibani:-Amerikanci-ce-pretrpeti-vise-gubitaka-nego-bilo-ko-drugi-zbog-otkazivanja-pregovora  порталот за ово пишува: Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги откаже мировните преговори со претставниците на Талибанците на „Камп Дејвид“ само ќе доведе до нови загуби на американските животи, предупредуваат Талибанците.

„Американците ќе претрпат поголеми загуби од кој било друг заради откажување на разговорите“, рече портпаролот на талибанците, Забихул Муџахид, во изјавата, рече Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Талибанците, според АП, веруваат дека САД ќе се вратат на разговорите за „финализирање на договорот“ и се подготвени да разговараат со претставниците на Авганистан за политичката иднина на Авганистан.

           Досега, Талибанците одбиле да преговараат со авганистанската влада, нарекувајќи ја американска марионета.

           Талибанците соопштија дека добиле повик за Камп Дејвид на крајот на август, при што Трамп порано во повеќе твитови наведувал дека планира да се состане одделно со Талибанците и со авганистанскиот претседател.

           Трамп претходно објави дека откажал состанок што требаше да се одржи со талибанците и авганистанските власти во Кемп Дејвид.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20