Да ли Путин создава нов СССР, без балтичките земји – ја исправа грешката на Горбачов…. Може да се очекува влегување на Белорусија и Украина во составот во Руската Федерација…..

ХОРОСКОП КРАЈНЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Во многу мои текстови пишував за претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин. Преку податоците за неговото раѓање, што ги најдов на интернет, не ми беше тешко да навлезам во неговата личност и потезите кои ги влече. Во многу од моите текстови спомнав дека астрологијата и парапсхилогијата ги истражувам од 1983 година, кои ми помогаат во моите новинарски и политички анализи, како и во предвидувањата. Но, во овој текст нема да зборувам, поточно нема да ја толкувам наталната карта на претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин. Во овој текст ќе го анализирам неговто владење и крајната цел која треба да ја постигне, Русија да го врати својот сјај, повторно да блесне многу посилно од СССР.

           КГБ во 1997 година донесува одлука најдобриот опеативец, а анонимен, кој беше само 160 раководител на КГБ да го постави прво за премиер на Руската Федрацоија, потоа со декрет на Борис Елцин во 1999 година, под притисдок на КГБ со декрет да го именува Владмир Путин за свој наследник, заминувајќи од власт без избори (ово го имам предвидено уште на 03. 03. 1995 година, во „Македонско Сонце“ бр. 37, Каде го предвидов атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров. Во тој текст јасно кажав „Во Русија престојат големи промени, Елцин заминува од власт, Чеченија ќе биде прегазена“ – што се и случи.

           Како што реков, КГБ за да Руската Федферација не ја доживее судбината на СССР го доведува својот најдобар оператицец на власт, но прво како премиер, потоа и претседател. Прво што направи Владимир Владимирович Путин? Како премиер Чеченија ја „приземји“, а знаеме како поминаа терористите во „Бољшевик театарот“, со кои дби да преговара. Следниот чекор му беше враќање на долгот кон парискиот клуб и МММФ. Ја зајакна повторно армијата, на воено поле ја надмина САД. Но која му е вистинската цел, кон која стремеше, а за која мораше да создаде негови луѓе, еден од нив е денешниот премиер Димитриј Медведев, со кој се ротираа на претседателската функција.

           Главната цел на КГБ беше да се исправи грешката на Михаил Горбачов при распадот на СССР, од таа причина го донесоа Владимир Владимирович Путин на власт. Се прашувате кои се грешките на Михаил Горбачов? Балтичките земји СССР ги припои, но Украина и Белорусија со векови беа дел и од Царска Русија. Од тие причини требаше овие две земји да се вратат во матичната држава на независни држаави Руската Федерација. Добро е познато дека Киев во еден период на историјата бил главен град на Царска Русија (тој период познат е како „Киевска Русија“), но со крстоносните војни кои се водени против православието, особено против православната Царска Русија, ја примора Царска Русија прво престолнината да ја преселат во Санкт Петрезбург, подоцна во Москва, во Кремаљ. Но, да се вратам на темата.

           За да ја оствари целта претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин, прво мораше воено и економски да ја воскресне Русија, за да имаат желба Украина и Белорусија да се вратат во Руската Федерација. Со претседателот на Белорусија полека работат на тоа, особено од 2010 кога економски и воено Руската Федрација се врати како светска воена сила на воено поле, но и на економско. Интервенцијата на Русија во Сирија им помогна за испитување на новото оружје, особено на ракетите „калибар“.

           Кога воено и економски се зајакна, следната цел беше враќање на Украина, но прво исправање на грешката на Никита Хрушчов, кој е инаку украинец, а во 1955 или 1956 (не ми текнува која е точно годината) како добра воља Крим го одзема од Русија и го подарува на Украина.  Ово зборува дека Крим украински бил од 1955 година до 2015 година до референдумот на Крим  за враќање во матичната држава Русија.

           Тука мора да се напомене дека во остварување на целта на Владимир Владимирович Путин многу му помогна канцеларката на Германија Ангела Меркел. Со „амин“ на Владимир Путин го праќа постариот од браќата Кличков, да помогне во обоената револуција, позната како „мајдан“, за да Петро Порешенко дојде на власт. Како награда Владимир Кличков добива градоначалника функција, станува градоначалник на Киев. Веднаш по доаѓањето на Петар Порошенкона власт се случуваат референдуми на Крим и во двете републики воДОНБАС. Референдумот на Крим беше за независност и припојување кон матичната држава Руската Федррација, додека двете републики во ДОНБАС прогласија независнот, со што очна граѓанската војна во Украина. Кога е Украина во прашање, поточно претседателите на СССР: Никита Хрушчов и Леонид Брежњев се украинци. Јосип Васиоронович Сталин е Грузиец, а самиот Ленин, кој ја изведе Октомвриската револуција (1918 година), по некои информации кои ги имам бил евреин хазард, но сигурно е дека бил британски шпијун.  Веројатноста дека Лени бил евреин хазард е голема, бидејќи полтбирото имало околу 60 проценти евреи. Да се вратам на темата Украина.

           По припојувањето на Крим кон Руската Федрација, кон матичната држава, Руската Федрација воено не интервенира директно во ДОНБАС, но двете самопрогласени републики ги помага воено со оружје, но и со руски ветерани и „доброволци“. Сето ово Украина ја ослабува економски, поранешниот претседател Петар Порошенко не успева да ги поврати двете самопрогласени Републики, поточно областа „ДОНБАС“ воено. Тоа доведува до осирамашување на Украина. На прашање да ли по Крим Русија ќе ги припои и двете самопрогласени републики, поточно ДОНБАС, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека само цела Украина може да се врати во составот на Руската Федерација, федрација на независни држави.            Слична изјава даде рускиот сенатор Сергеј Чеков, кој смета дека Крим и Киев можат повторно да бидат во иста држава, но само доколку Украина се приклучи на Русија. Ово е крајната цел на Владимир Владимирович Путин, Украина да се врати кон Русија, заедно со Белорусија, со кои, со векови беа дел од Царска Русија. Да се исправи грешката на Михаил Горбачов при распадот на СССР….

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20