Трамп започна нова трговска војна: По Кина дојде на ред Европска Унија.. На Европската Унија им ги зголемува царините за извоз во САД…..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Веројатно на претседателот на САД Доналд Трамп не му е дасадно, си најде интересна игра. По трговска војна која ја започна со Кина, зголемувајќи ги царините на увоз на кинеска роба, сега истото го прави на Европската Унија – им ги зголемува царините за извоз на роба во САД, Повеќе за новите царини и „причините“ за нив пишува порталот https://rs.sputniknews.com/svet/201910021120954942-nove-americke-sankcije-evropi/ Еве го целиот текст на порталот:
Америка ќе наметне даноци на увозот од ЕУ, имено увозот на авиони со стапка од 10 проценти и увозот на прехранбени производи со стапка од 25 проценти, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на претставник на американската трговска комора.
Новите такси ќе стапат на сила на 15 октомври.
Претходно, Светската трговска организација (СТО) го поддржа барањето на САД да воведе тарифи за европска стока во вредност од 7,5 милијарди американски долари, поради наводните нелегални субвенции што ги даваат европските влади на производителот на авиони „Ербас“.
Официјален Вашингтон претходно изјави дека сака да воведе тарифи до 100 проценти до 11,2 милијарди американски долари годишен извоз на европски производи во Соединетите држави.
Воведувањето на царини, поточно зголемувањето на извоз на роба на Европската Унија зборува за зголемениот економски коплапс во кој се наоѓа САД.
Наскоро може да се очекува бакрот на САД, како и заминувањето на доларот во историјата, поради должничката криза…