Путин (видео): „Ќе ви кажам во доверба, обавезно ќе го направиме тоа, да ве забавуваме тамо како треба. Само тоа на никого не му кажувајте. Добро?.. Се пошегувал со новинар од САД, за мешање во претседателските избори во САД во 2020 година…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Се насмејав кога го прочитав текстот на порталпотhttps://webtribune.rs/putin-americkom-novinaru-mesacemo-se-u-vase-izbore-samo-nemojte-to-nikome-da-kazete-video/ кој донесе текст со видео, каде на прашањето на новинар од САД, да ли планира Русија да се меша во претседателските избори во САД 2020 година, на новинарот му одговорил : „Ќе ви кажам во доверба, обавезно ќе го направиме тоа, да ве забавуваме тамо како треба. Само тоа на никого не му кажувајте. Добро?..
Шегата веројатно ја направил поради истрагата која имаше за изминатите претседателски избори во САД.
Еве го тексто во целот, како и ведеото:
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е смешно да се сугерира дека Москва ќе се обиде да се меша во претстојните претседателски избори во САД.
На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа дека кога го прашал американски новинар дали Русија планира да се меша во изборите во САД во 2020 година, Путин на шега кажа:
„Јас ќе ти кажам во доверба, да, ние ќе го сториме тоа да ве забавуваме како треба. Само не кажувај никому. Добро?’’? Се шегуваше претседателот.
Путин рече дека Русија ќе соработува со кој било претседател избран од американскиот народ.
„Ние ќе работиме со кој било партнер, со кој било претседател избран од американскиот народ“, рече Путин на економскиот форум во Москва, пренесува ТАС.
Тој истакна дека не биле дадени докази за вмешаност на Русија на претходните избори во САД, додаде Ројтерс.
Путин исто така истакна дека Русија не презела никакви „деструктивни чекори“ против САД.
„Ништо. Ако имате поинакво мислење, потврдете го и презентирајте докази “, рече Путин.
Рускиот претседател рече дека неговата земја има многу поважни работи отколку да се меша во изборите во САД.
Американските разузнавачки агенции тврдат дека Русија се мешала во предизборната кампања за претседател на САД во 2016 година за да го измени исходот од гласањето во корист на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Москва негира каква било вмешаност.
Клинкнрете на линкот за да го погледнете видеото