По изјавата на Помпео за Црна Гора на Русија и Кина „лошо и се пишува“… Помпео: „Поради нашата директна соработка во сајбер одбрана со Црна Гора, сега ќе бидеме во можност да развиеме движење од најновиот руски вирус, ќе заштитиме миларди луѓе во цел свет…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Не ми се веруваше кога ја прочитав иџзјавата на државниот секретар на САД Мајк Помпео „Поради нашата директна соработка во сајбер одбрана со Црна Гора, сега ќе бидеме во можност да развиеме движење од најновиот руски вирус, ќе заштитиме милијарди луѓе во цел свет“…
По изјавата на државниот секретар на САД Русија веројатно од страв „неспокојно ќе спие“, а со изјавата идерекно е загрозена и Кина. Не знам како ќе извлечат од сојузот на САД и Црна Гора против „рускиот вирус“ – Русија и Кина сајбер војната со овој сојуз ќе ја изгубат…
По трагикомична ијава нема слушнато, не ми се веруваше што читам, ме насмеја слатко.
Еве го текстот што го пренесува порталот https://webtribune.rs/pompeo-sa-dukanovicem-hvala-na-2-odsto-bdp-a-za-vojsku-i-sto-se-borite-protiv-rusije/ каде е „историјската изјава“ на државниот секретар на САД Мајк Помпео: Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ го прими државниот секретар на Соединетите држави Мајк Помпео, кој рече дека Соединетите држави се горди што го продолжуваат своето партнерство со Црна Гора.
На средбата со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во вилата Горица, тој истакна дека соработката на двете држави била воспоставена пред Првата светска војна.
Ѓукановиќ, исто така, посака „топол пречек“ на Твитер-страницата на Помпео.
По средбата со Ѓукановиќ, Помпео се состана со премиерот Душко Марковиќ.
Помпео му се заблагодари на премиерот за време на прес-конференцијата со премиерот Душко Марковиќ и истакна дека неговата посета е прва посета на американскиот државен секретар откако Црна Гора стана независна пред 13 години, што ја прави историска.
Тој му се заблагодари на премиерот Марковиќ што вети Црна Гора да ја исполни својата заложба да потроши два проценти од БДП за одбрана.
„Поради нашата директна соработка во областа на сајбер-одбраната со Црна Гора, сега ќе можеме да развиеме одбранбен пакет против најновиот руски вирус, кој ќе може да заштити милијарди уреди ширум светот“, рече Помпео.
Американскиот државен секретар додаде дека, исто така, би сакал да се заблагодари на Црна Гора за поддршката за резолуциите на САД во Обединетите нации и за нејзиното следење на американските дипломатски напори во врска со Сирија, Ирак, Либија и Иран.
„Со задоволство можам да објавам дека минатата недела беше потпишан најголемиот договор во историјата на набавка на воена опрема меѓу нашите нации, вреден 36 милиони евра, за испорака на лесни воени возила“, рече Помпео.
Марковиќ рече дека посетата на Помпео е доказ дека САД го ценат нашиот сојуз и конструктивната улога во регионот и пошироко.
„Ја цениме поддршката на Помпео за интеграција на Црна Гора во ЕУ и пофалби за реформите што ги постигнавме. Црна Гора ќе продолжи со невидени темпо со реформите во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, заштитата на новинарите, пред се заради нас и потоа ЕУ. Ќе ја продолжиме борбата против трговијата со луѓе “, рече Марковиќ.
Тој рече дека за време на средбата добил уверување дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат црногорските институции во борбата против сите форми на организиран криминал.
Марковиќ изрази уверување дека до 2024 година, а можеби и порано, Црна Гора ќе достигне заедничка договорена цел од два проценти од трошоците за одбрана.
Како што беше претходно објавено, Помпео ќе ги посети Црна Гора и Северна Македонија како дел од европската турнеја и ќе ја истакне поддршката на САД за решавање на проблемите во обете држави, вклучително и односите меѓу Србија и Косово.
Според најавите од Стејт департментот, една од темите што ќе се дискутира во Подгорица и во Охрид ќе биде дестабилизирачката улога на Русија во регионот.
Помпео ќе ја заврши својата европска турнеја со посета на Грција.
Кога го анализирав овој текст, НАТО наскоро ќе излезе од финасискиот колапс, благодарение на Црна Гора која вети дека 2 проценти од БДП ќе одвојува за членството – касата на НАТО.
Купородажниот договор од 36 милиони долари за набавка на оружје на Црна Гора од САД, ќе биде голема финансисјска инекција за НАТО…