Ким се подготвува за војна со САД, тестираше нова балистичка ракета од подморница… Франција, Велика Британија и Германија бараат итен состанок на Советот за безбедност на УН….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Деновиве Северна Кореја изспроба нова балистичка ракета, лансирана од подморница. Договорот со САД за нуклеарната прогреама е прикинат. Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун се заканува на Франција, Велика Британија и Германија да си „седат“ мирни, значи да не предлагаат резулуции, во спротивно само ќе ги инспирираат Севрерна Кореја повеќе да работи на својот сувиринетет.
Барањето за итен состанок на Советот за Безбедност при УН Северна кореја го нарече валкана американска игра.
Ако се добро анализира индеректно Ким им порачува на Велика Британија, Франција и Германија „седете се мирни“ да не го изедете стапот заедно со САД.
Повеќе за итното барање за состанок на Советот за Безбедност поишува порталот https://rs.sputniknews.com/svet/201910071120981448-severna-koreja-upozorava-ako-pokrenete-pitanje-raketnih-proba-u-sb-un/?fbclid=IwAR0yJITCCXMojQCbNBziGlzss_iyqaFt-LLOO1EhtIhCuXnMhDY-_kuAkCE Еве го текстот во целост:
Северна Кореја ги предупреди Соединетите држави, Велика Британија, Франција и Германија денес дека поставувањето прашања за нејзините ракетни тестови на Советот за безбедност на ООН ќе ја разгори желбата на Пјонгјанг да го брани својот суверенитет.
Советот за безбедност на ООН треба да одржи состанок зад затворени врати утре, на барање на Германија, поддржана од Велика Британија и Франција, бидејќи Северна Кореја соопшти дека спровела балистички ракетен тест минатата недела, пренесува Ројтерс.
„Ние добро знаеме дека Соединетите држави стојат зад валканите потези на Велика Британија, Франција и Германија“, рече Ким Сонг, амбасадор на Северна Кореја во ООН.
Говорејќи пред група новинари, Ким рече дека САД и нивните следбеници треба да имаат предвид дека доколку во моментот го подигнат прашањето за „нашите мерки за самоодбрана на состанокот на Советот за безбедност на ОН, тоа дополнително ќе ја зајакне нашата желба да го браниме нашиот суверенитет“.
Севернокорејскиот преговарач Ким Мјонг Гил на 5 октомври изјави дека нуклеарните разговори на работно ниво меѓу Северна Кореја и Соединетите држави биле прекинати.
Северна Кореја претходно соопшти дека тестира нова балистичка ракета, истрелана од подморница, за да ги одврати надворешните закани и да ја зајакне самоодбраната.
Споделете