Путин остана без српска ракија: „Српска посла- српска работа“ ја оставија администрацијата на Путин без ракија.. Некој им украл 2.000 литри ракија наменети за администрацијата на Путин…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Се насмејав кога го прочитав текстот на порталот http://vostok.rs/index.php?option=btg_novosti&catnovosti=3&idnovost=122412&U-Ivanjici-ukradena-rakija-za-administraciju-predsednika-Putina Еве го текстот во целост:

           Ракијата како српски бренд се повеќе добива на важност бидејќи бизнисмените ги сфатија нејзината важност и потенцијал. Несомнено, Србија е преполна со ракија со врвен квалитет, но една од нив, „Србинка“, е производ на дестилеријата „Савичевиќ“ и отиде чекор подалеку, освојувајќи многу признаниниа, за тоа што стаса во кујната на администрацијата на претседателот Путин.

Но, не лежи тука ѓаволот, дестилеријата „Савичевиќ“ не извести дека две илјади литри ракија исчезнале од нивниот магацин. Дека кражбата на ракија не е непозната работа, добро е позната, но исчезнувањето на ракијата наменета за администрацијата на претседателот Путин, меѓу другото, му дава многу поголема важност, па дури и „меѓународно“. Ракијата се служи и на приеми во Амбасадата на Руската Федерација во Белград и Министерството за надворешни работи на Србија. Затоа го доби името „дипломатска ракија“.

Како што сме информирани, случајот е инициран, а од дестилеријата „Савичевиќ“ наведуваат дека Високото јавно обвинителство во Кралево покренала постапка во целиот случај. Како што велат, не е проблем за ракијата, туку дестинацијата каде требало да се испорачана, бидејќи дел од ракијата беше специјално третирана под посебни услови за посебен клиент.

Се гледа дека претседателот на Руската Федерација Владимир Владмнирович Путин и неговата администрација не пробале тиквешка лоза.

Но, коко добра волја, тиквешките винарии како добар гест треба да пратат за Москва тиквешка лоза – администрацијата на рускиот претседател Владимир владимирович Путин да не мора само да пие водтка…

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20