САд повлекува 1.000 војници од Сирија! Трамп: „Американсаките војници не треба ја чуваат безбедноста на границата помеѓу Сирија и Турција, треба да заминат од таму…..
ХОРОСКОПП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави: Американските војници не треба да ја чуваат безбедноста на границата помеѓу Сирија и Турција. Треба да се вратат. Тие треба да имаат своите граници. Мислам дека нашите војници не треба да бидат таму во наредните 15 години, чувајќи ја границата меѓу Турција и Сирија, кога не можеме да ги заштитиме сопствените граници “, изјави Белата куќа.
Од тие причини донесоа одлука да повлечат 1.000 војници од Сирија, со тоа оставајќи ги своите сојузници сиријските курди на милост и немилост на Турција.
Една од причината е што Вашигтон се плаши американските војници не се најдат меѓу два огна. Повеќе за повлекувањето на американските војници пишува порталот https://rs.sputniknews.com/svet/201910131121009882-vasington-povlaci-iz-sirije-hiljadu-vojnika/ . Еве го во целост текстот на порталот:
Соединетите држави ќе повлечат уште илјада војници од северна Сирија, изјави началникот на Пентагон, Марк Еспер, за Си-Би-Ес.
Според него, станува збор за „свесно повлекување“ на трупите.
„Можеме да се најдеме помеѓу две армии кои учествуваат“, рече Еспер. Според него, станува збор за „ужасна ситуација“ во која не треба да се најдат американски војници.
„Во последните 24 часа научивме дека (Турција) веројатно има намера да ги продолжи нападите на југ од планираното и исто така на запад. Во последните 24 часа научивме и дека … Сириските демократски сили (СДФ) бараат некаков договор со Сиријците и Русите со цел да се контра-напад на Турција на северот “, објасни Еспер.
„Значи, се најдовме во ситуација кога американските сили може да се најдат помеѓу две нови армии и тоа е апсолутно неприфатлива ситуација“, додаде американскиот министер.
„Затоа синоќа разговарав со претседателот (Доналд Трамп), откако разговарав со другите членови на националниот тим за безбедност, а тој (Трамп) нареди да започнеме организирано повлекување на силите од северна Сирија“, додаде тој.
На прашањето дали американските војници можат да отворат оган во случај на напад, Еспер одговори дека тие имаат „право на самоодбрана“.
„Ќе го искористиме тоа право, доколку е потребно“, истакна Еспер.
Американскиот министер за одбрана не прецизираше какви аранжмани СДФ сака да ги склучи со Русија и Сирија.
Непосредно пред почетокот на турската операција во Сирија, командантот на курдските сириски демократски сили, Мазлум Абди, не ја исклучи соработката со сирискиот претседател Башар Асад.
Поставени се главните цели на турската операција, која Анкара ја планира уште од минатата година – да се расчисти сириската граница со Турција од силите за самоодбрана на сириските Курди, да се создаде безбедносна зона во областа и да се распоредат сириските бегалци во Турција.
Анкара претходно изјави дека има четири милиони бегалци во Турција и дека нема да може да ги задржи таму на неодредено време. Дамаск не ја признава автономната администрација во североисточна Сирија, која ги контролира териториите источно од реката Еуфрат, ниту нивното воено крило – СДФ. Дамаск одржа неколку неуспешни рунди преговори со автономната курдска администрација. Сириските власти постојано ја осудуваат политиката на Турција во северна Сирија.
Повлекувањето на американските војници од Сирија, означува близок крај на граѓанска војна. Турската офанзива ќе потрае додсека сиријските курди не се откажат од автономијата и се вратат како дел од единствена Сирија.
Ово е велемајсторски потег на Рускиот претседател Владимир Владимирович Путин и сиријскиот претседател, сиријската војска да не убоива сиријски граѓани.
Претседателот на Турција Таијп Реџеп Ердоган ја одигра главната улога, без испукан куршум амириканските војници да се повлечат од Сирија.
Сиријските курди во граѓанската војна во Сирија се само колетерална штета за САД – жртвени јагниња.
Истата улога им ја подготвуваат на албанците на Балканот…..