Како западните земји одработуваат за Путин? Турција доби „страшна закана“, по Германија, Холандоија и Норвешка, Франција нема да и продава оружје….. останува да купуваат од Русија….

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Се насмејав кога ја видов информацијата дека Франција, по Германија, Холандија и Норвешка донесе „заканувачка и страшна одлука“ за Турција, поради офанзивата врз курдите во Сирија на Турција нема да им продава оружје. Следејќи ги деновиве информациите, поточно од 9-ти октомври од офанзивата на Турција во Сирија, врз сиријските курди, решив ноќеска да го анализарам настанот, како и оправданост на офанзивата.

Деновиве се прашував зошто Сирија ја дозволи офанзивата, ниту пак Русија интервинираше или повика да се запре офанзивата. За да го анализирам настанот морав да појдам од коренот – од курдите. Укуцав на гугол Курди население, веднаш добив одговор, од кој можев веднаш да извлечам добра анализа. Гугол вели вака, по пописот од 2010година:

Курди
Вкупен број
околу 28[1] до 35 милиони[2][3]
Подрачја со значајно население
   Турција 14-19.5 милиони (2010)
17–25%[1][2][3]
   Иран 5–8 милиони (2010)
5[4]–10%[1][2]
   Ирак 4.5–7 милиони (2010)
15–23%[1][2]
   Сирија 1.4-2 милиони (2010)
6-9%[5][2]
   Израел 150,000-200,000[6][7]
   Азербејџан 150,000-180,000[8][9]
   Либан 80,000[8]
   Ерменија 50,000[9]
   Грузија 40,000[9]
   Туркменистан 50,000[9]
   Германија 750,000[8]
   Франција 135,000[8]
   Обединето Кралство 90,000[8]
   Шведска 90,000[8]
   Холандија 75,000[8]

           Не можам да ги разберам сиријските курди со кој памет влегле во сојуз со САД. Кога ќе се погледне во Сирија по пописот од 2010 година, значи пред граѓанската војна, која започна 2014 година, имало од 1.4 до 2 милиони курди, што во проценти значи 6-9 проценти од населението во Сирија. Трагикомично е да наседнеш и со таква бројка на население 6-9 проценти и да прогласиш автономија. Автономијата е прогласена со помош на САД, како индеректен удар на Турција каде се проценува дека има од 14-19,5 милиони курди што во преоценти е 17-25 проценти што не е мала бројка. Сиријските курди вршеа терористички акци и во Турција во соработка со курдската работничка партија. Беа добро науружани како „сојузници“ на САД, дел од оружјето го префрлаа и во Турција.

           Непромислениот потег на сиријските курди, „сојузништвото“ со САД, особено прогласувањењто на автонимија во Сирија, скапо ќе ги чини самопрогласената автономија. Од тие причини Сирија не реагира, ниту Русија. Прво чекаат курдите да се откажат од самопрогласената автономија. Вчера сиријската војска тргна кон северна Сирија каде Турција изведува офанзива, не да ги заштити курдите, туку да до спречи пуштањето на заробените теророристи од Исил, кои се во камповите како и нивните семејства на „автономнијата“ на курдите.

           Повторно кога ќе се погледне табелата што ја дава гугол во Германија пред граѓанска војна живеече 750 000 курди, а со граѓанската војна сигурно се над милион. Од таму е одлуката за „мир во куќата“ Германија донесе одлука да не продава оружје на Турција, а една третина од оружјето извезуваше во Турција. Не е исклучено одлуката да е само на хартија. Во Франција пред војната живееле 135 000 курди, со војната сигрно бројката ја поминала 300 0000. Ако се земе во предвид дека Франција има скоро 30 проценти муслиманско население, вреројатно како Германија донесе одлука само на хартија.

           Но, најтрагикомичен ми е повикот на претседателот на САД Доналд Трамп до двата дома да донесат „страшни санкции“ за Турција. Доволно е Турција да им донесе една санкција, да им ги затвори базите во Турција, особено „Инџирлик“, да ги избрка од Турција.

           Претседателот на САД треба да внимава, Претеседателот на Турција нема го заборавено обидот за државниот удар и ударот врз турската лира.

           ТурцијА полека се врти кон Шангајската група, кон Евроазијскиот Сојуз, кон Русија, од која купи неколку батерии на ракетен систем С-400 а се подготвува да купи и авиони СУ- 35 и најновите СУ- 57..

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин треба да се заблогадари на: Грерманија, Франција, Холандија и Норвешка што го „прекинаа“ извозот на оружје на Турција. По самите закани Турција сосема ќе се сврти кон Русија за увоз на ортужје, кое подобро и посовремено.

Владимир владимирович Путин треба да им подари по едно шише водтка на: Германија, Франција, Холандија и Норвешка за новиот бизнис …  

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20