Трамп (видео): „САД и Италија го делат културното и политичкото аслество уште од античкиот Рим“! Трамп му одржа час по историја на италијанскиот претседател Серхијо Матарела…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Слатко се насмејав, кога го прочитав тектот на порталот https://inforuss.info/tramp-zayavil-o-politicheskih/  кој излзе со трагикомичен, но висртински настан, кој се случил на средбата на италијанскиот претседал Серхијо Матарела и претседател на САД Доналд Трамп. На средбата на двата претседатели, на САД и Италија, претседателот на САД Доналд Трамп, на претседателот на Италија Серхијо Матарела ми кажал „историјска тајна“ која претседателот на Италија не ја знаеше, ниту па некој во Италија.

            Претседателот на САД Доналд Трамп на средбата со италијанскиот претседател Серхијо Матарела дал изјава:

            „САД и Италија го делат културното и политичкото аслество уште од античкиот Рим“!

            Немаше потреба од коментар и анализа на тектот, само се слатко насмејав. Еве го во целот текстот на порталот:

            оединетите држави и Италија го делат културното и политичкото наследство уште од античкиот Рим, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со италијанскиот претседател Серхио Матарела, што се одржа на средата во Вашингтон. Објави „Дејли мејл“.

Американскиот лидер Доналд Трамп го прими италијанскиот претседател Серхио Матарела на средбата во Вашингтон. За време на разговорот меѓу двајцата лидери, американскиот претседател ги забележа долгогодишните врски меѓу Соединетите држави и Италија, а исто така го забележа и заедничкото културно и политичко наследство што датира од илјадници години од античкиот Рим.

            Трамп исто така призна дека не му пречи идејата дека Америка ја открил италијанскиот Кристофер Колумбо.

За мене, Денот на Колумбо ќе остане засекогаш, дури и ако некој не го сака тоа. Многу Кристофер Колумбо не го сакат, но навистина ми се допаѓа – рече Трамп.

Снимањето на овој разговор што се појави на Интернет ги забавуваше корисниците. Особено им се допадна зачуденото лице на преведувачот по зборовите на Трамп за „односите меѓу САД и Италија уште од античкиот свет“, бидејќи датумот на основање на САД се смета за 1776 година.

Кога го прочитав, ми дојде идеја претседателот на САД Доналд Трамп, да се замоли да се вклучи во историјската комисина на Македонија и Бугарија, за заедничката историја…

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20