Џон Бајден застана на „камениот мост“ во Вашингтон… Од секој амириканец бара по 5 долари да го спречи руското мешање во претседателските избори во САД….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Не ми се веруваше што читам, кога го читав текстот на порталот https://rs.sputniknews.com/svet/201910251121077317-svako-po-pet-dolara-bajden-skuplja-pare-za-borbu-protiv-mesanja-rusa/ кој излезе со наслов: „Секој по пет долари: „Бајден собира пари за борба против мешањето на Русија во изборите“.
Овој повик на претседателскиот кандидат на демократите, секој амириканец да донира по пет долари, ме потсетува на камениот мост во Скопје, каде се просат најмногу пари. Но, ова изјава може да биде многу инспиративна за македонските хакери, кои добро заработија во 2016 гадина, отварајќи портали во САД, објавувајќи лажни вомбастични изјави против Хилари Клинтон. Позната велешка група добро се офајди, некои дојдоа и до цифра од 100 000 долари, некои десетици илијади долари. Затоа сметам дека претседателските избори во САД 2016 година донесоа најголеми инвестиции во Македонија, во Велес. По нивниот пат следната година можат да појдат и останатите хакери во Македонија. По повикот на претседателскиот кандидат на демократите Џон Бајден, ќе можат да имаат подобра зааработувачка.
Еве го за мене комичниот текст, поточно не мислам на несриозност на порталот, туку на повикот на претседателскиот кандидат на демократите Џон Бајден, секој амириканец да донира по 5 долари во неговата кампања за борба против руското мешање во претседателските избори во САД. Еве го текстот во целост: Кандидатот за претседател на САД, демократот Џон Бајден изјави дека Русија повторно започнала да се меша во изборите во САД и сега дејствува против неговиот изборен штаб. Тој ги повика Американците да донираат пари во неговата фондација, која треба да се бори против лагите и странското мешање, објави „Си-Ен-Ес њуз“.
Поранешниот потпретседател, денес кандидат за претседател на САД, џон Бајден, се обрати на својот профил на Твитер преку видео и ги повика Американците да дадат по пет долари секој за да се борат против мешањето од странство. Во видеото, политичарот вели дека „Русите сега го таргетираат“
„Повторно, Путин и Русите се обидуваат да се мешаат во нашите избори и да одлучат кој ќе биде претседател. Овој пат, јас сум предмет на нивно внимание, затоа што Путин знае дека ако станам претседател на Соединетите држави, ќе завршат деновите на неговата тиранија, неговите обиди за заплашување на Соединетите држави и земјите од Источна Европа. Тој е силеџија, исто како и американскиот претседател. Знам дека тој не сака јас да станам претседател затоа што сè ќе се смени “, рече Бајден во видео-пораката.
На крајот му се обраќа на Претседателот на Русија.
„Г-дине Путин, тука е американскиот народ кој ја донесува одлуката за нивниот избор, а не вие“, рече Бајден со свои зборови.
Тој на Твитер напиша дека троловите на Русија на Фејсбук се вратиле и овојпат се против неговата изборна кампања.
„Не можеме да дозволиме 2016 година да се случи повторно“, рече претседателскиот кандидат.
На крајот, Бајден ги повика Американците да придонесат за неговата кампања.
„Дајте придонес од пет долари за да испратите порака до Путин дека одлуката ја донесува американскиот народ, а не тој“, се вели во пораката на Бајден, придружена со линк до веб-страницата на неговата фондација.
Поголема мотивација за македонските хакери не постои, по повикот на претседателскиот кандидат Џон Бајден..
Стартот е означен за хакерите, кој да направи повеќе профили или портали во САД….