Турција излегува од НАТО? САД се подготвува да ги повлече авионите и нуклеарно оружје од Турција.. Турција веќе не ја гледа како сигурен партнер..

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Моите анализи и предвидувања уште од пред неколку години,  дека Турција прва ќе го напушти НАТО, по што престои и распад на НАТО, на чекор се пред остварување. Во САд се подготвуваат авионите да ги повлечат од базите во Турција, како и нуклеарниот арсенал Се размислува нуклеарниот арсенал да се повлече во САД или некоја од „сојузничките“ земји на САД, како што е Јордан. Се плануира помала продажба на оружје на Турција.

Оваа информација која ја донесува порталот https://rs.sputniknews.com/svet/201910271121086882-savjet-za-spoljne-odnose-sad-evakuisimo-avione-iz-turske-vratimo-nuklearno-oruzje-u-ameriku/    , кога ја прочитав се поднасмејав, кога видов кои причини ги наведуват. Еве го текстот во целост:

            „Ако Турција аплицираше денес за членство во НАТО, немаше да влезе на влезната врата“.

Дури и ако Турција остане во НАТО, Соединетите држави и другите сојузници мора да се откажат од целата илузија дека Турција е сигурен партнер “, се вели, меѓу другото, во коментарот на Советот за надворешни односи, водечка американска невладина организација специјализирана за правење американска надворешна политика. од 1921 година.

„Турција има пазарна економија, но не исполнува други критериуми за членство во НАТО. Сепак, НАТО во моментот нема механизми за исфрлање на веќе постоечка членка “, се вели во написот, „Врските меѓу НАТО и Турција мора да се променат “, што понатаму наведува дека „инвазијата на Турција во северна Сирија е последниот пример за таа земја дека се оддалечува од вредностите на НАТО “. (оваа реченица трагикомично делува за вредностите на НАТО). Понатаму во текстот се вели:

Во врска со ова, се цитира министерот за надворешни работи на Советот, дипломатот Ричард Хас, кој рече дека Соединетите држави „треба да го повлечат сето нуклеарно оружје, да го намалат потпирањето на турските бази и да го ограничат размената на разузнавачки информации и продажбата оружје на Турција“.

„Американските воздушни сили треба да ги пренесат своите авиони во воздухопловната база Мувафак Салти во Јордан и другите бази во државите од Заливот. Тактичкото нуклеарно оружје стационирано во Иннџерлик треба да биде вратено во Соединетите држави или да се премести во посигурни земји на НАТО “, се вели во весникот.

„Време е да бидеме реални за Турција, наместо да претпоставиме дека односите можат да останат блиски како што беа за време на Студената војна“, заклучува Советот за надворешни односи.

Се поднасмејав на одлуката на САД, поточно на нивното образложение. Добро е познато дека по неуспешниот државен удар  во Турција, каде се обидоа да го ликвидираат турскиот претседател Таијп Реџеп Ердоган, а го спасија руските разузнувачки служби. Потоа Турција од Русија го купи неколку батерии од ракетниот систем С-400. Во меѓувреме САД им удри економски удар врз турската лира, не им ги испорача и авионите Ф-35. Во моментот Турција склучи договор за набавка на руските СУ – 35 повеќе наменски авиони, а има желба и за купување на авионите СУ -57.

САД е свесна ако ги напушти базите во Турција, особено базата Инџирлик, тоа ќе биде збогување од нивното влијание на Блискиот исток, кој веќе го превзема Русија, особено по наподот врз рафинеријата во Саудијска Арабија.

По расчистување со сиријските курди, Турција ќе започне конфликт со Грција околу спорните острови.

Со новото руско оружје што го купи од Русија, прашање е колку САД ќе може да и помгне на Грција.

Тука не треба да се заборави дека Турција е втора воена сила во НАТО, по бројот на војници.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20