Трамп го „смени“ Путин од претседателската функција, го замени со Зеленски: „Како што знаете новиот руски пресдател е добар човек“…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: иЛија Бошков – Крајнички
Мора да се признае претседателот на САД Доналд Трамп е нандмилив во правење на лапсуси, како и на комични, но интересни изјави. Личност е без влакно на јазик, но и личност која не си го контролира јазикот.
Се насмејав кога го прочитав текстот на порталот https://rs.sputniknews.com/svet/201910281121089962-novi-trampov-lapsus–nazvao-zelenskog-predsednikom-rusije/ Еве го текстот во целост:
Претходно медиумите објавија дека во телефонското интервју со Зеленски на 25 јули, Трамп можел да го замоли да истражи за Хантер Бајден, син на поранешниот потпретседател на САД, Џон Бајден.
Подоцна Белата куќа објави препис во кој се потврдува дека лидерот на САД го замолил Зеленски да го испита разрешувањето на поранешниот украински јавен обвинител Виктор Шокин, кој ги истражуваше активностите на групата Буризма, на која синот на Бајден беше еден од директорите, за истрагата на бизнисот на самиот Хантер Бајден.
Тогаш демократите во Претставничкиот дом на САД го започнаа процесот на отповикување на Трамп, обвинувајќи го дека побарал помош од странска држава да се меша во изборите со обид да се дискредитира политичкиот противник, што американскиот претседател го негираше. Зеленски, од своја страна, рече дека обелоденувањето детали за неговиот разговор со Трамп „донекаде ги поткопува дипломатските односи“ меѓу двете земји.