ДВОЈНИОТ ЖИВОТ НА ОГЛЕДАЛОТО

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Кога го измислиле луѓето не претпоставувале дека создаваат еден од најтаинствените предмети. Сo што се одразило еднаш во неговата светлечка површина, нема да исчезне без трага никогаш. Огледалото полни се…

Уште за време на средните векови научниците и маговите искажале мислење дека огледалата не само што го изразуваат видливиот свет, туку тие се тесно поврзани со невидливиот, тие не само што го копираат нашиот надворешен облик туку и даваат, произведуваат и создаваат информации за нашиот внатрешен свет.
Огледалото не е само предмет без душа и дел од мебелот. Тоа учествува во животот и во енергетската размена внатре во домот, поради што изборот на местото за огледалото и начинот на обраќање кон него се исто толку важни, колку изборот на местото за ставање на саксија или за домашно галениче. Постои една разлика, а таа е дека ако на мачето или на кучето не му е удобно на местото кое што сте му го одбрале, тие едноставно ќе заминат на друго, цвеќето ќе свене, додека неправилното поставување на огледалото како и неправилниот однос кон него, може да повлијае негативно врз благосостојбата на домот, здравјето и душевниот комфор на неговите жители.
И обратно – правилно поставените огледала не само што помагаат за надминување на негативните дејства, туку дозволуваат домот да се исполни со животна енергија, која индиските јогини ја нарекуваат “прана”, а будистите – “чи”.

ДОБРОДОЈДОВТЕ!


Огледалото на влезот во домот е нешто соодветно и функционално од секоја гледна точка, но не и ако виси точно спроти влезната врата (во тој случај животната енергија, која според Фенг Шуи треба непречено да се движи низ домот од вратата до прозорецот и од прозорецот до вратата, ќе се одбие од огледалото слично на сончев зрак и ќе го напушти вашето живеалиште без да успее да влезе). Затоа пак, местоположбата на огледалото до влезната врата е одлична и тогаш тоа веднаш го насочува протекот на енергијата во позитивна насока. На пример, огледалото кога е поставено под агол со една од надворешните врати од домот е поставено енергетски правилно.
Секому му е познат советот дека кога ќе се вратиш дома од пат, најпрво треба да се погледнеш во огледалото. Но, на малкумина им е познато дека според древната кинеска традиција, кога ќе излезеш од дома, со мислите треба да се помолиш на својот двојник во огледалото – да го чува домот за време додека ти отсуствуваш. Кога човек ќе се врати од пат, тој го отклучува претходно создадениот заштитен круг (за да ја исклучи алармната инсталација), затоа треба повторно да се погледне во огледалото за да го врати позитивното поле на домот.

ПРОТОЧНА ВОДА


Дури и оние членови од семејството кои немаат навика често да се гледаат во огледало, сепак се среќаваат со него неколкупати дневно. Како што се вели лице в лице. Станува збор за бањата. Едно од важните правила за огледалото таму е дека тоа треба да виси така што никому нема да му треба да се наведнува, за да се огледа во него. На исток знаеле дека главата на човекот во никој случај не треба да биде “отсечувана”, од претерано кусо или ниско поставено огледало. Фенг Шуи го дополнува тоа правило, во идеален случај меѓу главата во одразот и горниот крај на огледалото треба да остана растојание не помалку од една дланка (колку повеќе – толку подобро). Навистина треба да се обрне специјално внимание дали огледалото сте го поставиле доволно високо во бањата. Кога на човек му се наоѓа потребата постојано да се огледува во огледало, кое од некоја причина му е “кусо”, може да започне да страда од главоболки со нејасно потекло, кои ќе бидат отстранети со промена на огледалото со посоодветно. Способноста на огледалото да го засилува енергетскиот протек, а на тесната вода – да го исчистува им била добро позната на мудреците од Исток. Таму се смета дека ако искапете мало дете во “присуство” на огледало, тоа побрзо ќе започне да зборува, ќе израсне големо и силно.

КАКВИ СОНИШТА ВИ СЕ НАВЕСТУВААТ?


Повеќето традиции во светот не советуваат да поставувате огледало во спалната соба. Се смета дека човекот кој спие е особено загрозен и незаштитен од негативните енергии (на сите ни се познати кошмарните соништа). Бидејќи огледалото може тие енергии да ги зголеми одразувајќи ги, човекот станува жртва на лоша здравствена состојба, зголемен замор и тревога, кои не можат логично да се објаснат.
Од друга страна се поставува прашањето каде на друго место може да се постави тоалетната масичка или орманот со огледало, освен во спалната соба.
Излезот е едноставен: изберете орман со огледало од внатрешната страна на вратичката. Освен тоа, за спалната можете да обезбедите огледало со подвижна рамка која може да се преместува. Тогаш ќе имате можност пред да си легнете, така да го наместите, тоа да се одразува кон таванот или кон прозорецот, а не кон вашиот кревет. Дозволено е исто така да поставите огледало над сопствениот кревет (од кај главата), особено ако пред тоа огледалото “гледа” во прозорецот при што на тој начин изутрина ќе ја засили животната енергија на дневната светлина. Уште подобро ако во него се одразува уметнички предмет, на пример, слика (но не портрет), гоблен или уметничка композиција.

ЕНЕРГИЈАТА НА ЗБОРОВИТЕ И ПОГЛЕДОТ


Современата биоенергетика формулира неколку важни правила за огледување во огледало.
1. Не се погледнувајте во огледалото веднаш по будењето. Веројатно ќе се сретнете со една сонлива и кисела физиономија и незадоволството од вашиот надворешен изглед ќе се одрази и врз самите вас под формата на моќниот импулс на негативна енергија. Ако утринското огледување во огледалото ви станало навика, имајте предвид дека тоа е штетно за вашата самодовербата и за здравјето.
2. Не расипувајте ги односите со својот двојник во огледалото. Не покажувајте злоба во однос на одразот. Фразата: “Каков ужас!” изречена пред огледалото, ќе зададе негативна програма и ќе се покаже погубна за вашата привлечност. Сосема обратно и многу позитивно дејство ќе има, ако пред да се погледате во огледалото, се насмевнете и си посакате среќа.
3. Запомнете дека во огледалото не останува само нашиот сопствен енергетски двојник, туку во определени случаи и двојниците на нашите гости. Би било добро ако тие го полнат со позитивна програма – желби за успех на домаќините на тој дел, донесувањето на цвеќе носи само убави нешта. Но, понекогаш и најневини зборови, изречни во присуство на огледалото можат да создадат негативна програма. На пример: “Нешто не ми изгледаш добро!” или “Да не имате некаков проблем со мажот ти?”. Затоа биоенергитичарите препорачуваат откако вашите гости ќе си заминат, да го истриете огледалото со влажна крпа.
4. Огледалата ја собираат и натрупуваат енергијата на сите луѓе и ситуации кои се одразиле во нив. Треба редовно да ги чистите огледалата од енергетските информациски напластувања. Најдобро е тоа да го правите со помош на “сребрена вода”, таква во која за време од едно деноноќие или повеќе, престојувале сребрен предмети – лажица, прстен итн. и жив оган, на пример, свеќа или кандилце запалено пред огледалото.
5. Растенијата кои се одразуваат во огледалото го хармонизираат неговото информациско дејство и ја поздравуваат енергијата во просторијата.
6. Посебно внимание треба да се обрати на големите старински огледала. Тие собираат информација за сите луѓе, кои во минатото се одразувале во нив. Ако некој од сопствениците на такво огледало се занимавал со магии или починал од тешко заболување наследството на таквото огледало може да претставува извесен ризик за новиот сопственик и неговото семејство. За среќа не е тешко да биде распознаено таквото огледало – неговата површина во секое време од годината е студена како мраз, а најважно е дека пред него гаснат црковните свеќи, дури и ако прозорците и вратите се затворени и ако во собата нема никакво движење. Бидејќи не е можно да го исчистите подобро е да се разделите од него.

Подетално за вашиот карктер и што ве очекува, можете да се информирате во РЕДАКЦИЈАТА – каде се изработуваат ХОРОСКОПИ СО ПРЕДВИДУВАЊЕ

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20