Сашо „политико“ го изеде „неделканиот стап“ (видео) од Мицковски… Електричарот „хаус мајсторот“ во новинарство доби спој, лошо ги врзал жиците….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Се насмејав, гледајќи го „хаус мајсторот“ во новинарството Сашо Ивановски Политико како се обиде да го наседне лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, кога излегуваше од руската амбасада. На крајот мораше да му се извини на Мицковски. Од Мицковски изеде „неделкан стап“.
Најкомичен беше кога на Мицковки му рече „зошто бегате“, Мицковски му се сврте и му пријде „Тука сум не бегам, ќе ви дадам изјава“. Сашо од такви како тебе се срамувам да кажам дека сум новинар. Си заврши електро факултет, ако не те бива за електрика, врати си се во „шопско рударе“, иде пролет, можеби ќе те биде за чувањењ на стока…
Сашо, за новинарство си изгубен, „Н“ од новинарство не ти е познато.
Ако имаш желба, подготвен сум да ти одржам часови по новинарство бесплатно – сами да не ми ја валкаш професијата…
Инаку за твоја информација дипломирав на Југословенскиот Институт за новинарство, општи смер, група аналитичари, во Белград 1986 година.