ФЕНГ ШУИ: АУРАТА НА ДОМОТ

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Поборниците на Фенг Шуи тврдат дека ако претходните сопственици на живеалиштето биле притиснати од болести и неуспеси, тоа не им бега ниту на новите стопани. Ни тие нема да бидат среќни таму. На пример, ако претходниот стопан на живеалиштето претрпел неуспех и се разочарал, и новиот домаќин тешко ќе успее во остварувањето на своите намери, во бизнисот…

С# што се случува во домот предизвикува бранови, исто како и фрлањето на каменот во водата. Сите повторувачки ситуации имаат потенцијал да ја изградат атмосферата во домот, да ги управуваат околностите, и го оставаат својот отпечаток врз циглите, на патосот, на таванот, на мебелот, на предметите, на растенијата, на животните и на луѓето кои се наоѓаат или живеат во тој простор.

Многу силен отпечаток врз предметите или ѕидовите на домот остава секој настан што е сврзан со многу силни емоции или со душевна траума. Веројатно Ви се случило кога влегувате во соба во која што предмалку некои луѓе се расправале да почувствувале тешка, па дури и жешка атмосфера. Енергетските бранови, распространувајќи се низ целото пространство, се натрупуваат и завлегуваат во сите агли и катчиња.

Домот во кој што се вселуваме има потреба од сериозно чистење, но не само на физичко, туку и на енергетско поле. Единствено со чистењето на просторот може да се подобри неговата енергија. Чистењето на живеалиштето е задолжителен услов за Ваша ефективност, но не е работа што можат да ја изведат само специјалистите за Фенг Шуи. А после такво чистење ќе можете јасно да ја почувствувате енергијата на средината.

Треба да почнете со отстранувањето на физичката нечистотија. Треба да одлепите, да закрпите и да измиете с# што можете – старите тапети, бојата – сето тоа носи во себе отпечаток на енергијата на претходните стопани. Патосот – ако е од паркет – најдобро би било одново да се пререди; ќе згрешите ако сметате дека ќе завршите работа само со ново лакирање: дрвото е жив материјал, тој треба да дише. Потоа треба да се измие со вода, бидејќи прочистувачката сила на водата е огромна. Тоа што не може да се измие, може просто да се попрска со изворска вода или со вода во која што биле потопени гранки од бор или елка. Добро чисти и сребрената вода. Може да си ја купите од некои аптеки, или да ја направите сами така што ќе оставите една ноќ во водата сребрена монета, лажичка или друг предмет од чисто сребро.

За корекција на енергијата на домот може да искористите и мали парчиња дрво. На местата со негативно излачување може да ставите мали парчиња бреза, ела или даб – дрва кои што ги вшмукуваат во себе негативните струења. Гранките од дивата цреша, калинката, оревот и капината се во состојба да преобразат секаква негативна енергија во позитивна. За стабилизирање на енергетскиот опток во домот помагаат и: тополата, липата, борот. Но, за разлика од сите овие, брестот и буката може во домот да привлечат не баш добри енергетски набои.

За разредувањето и регенерацијата на енергијата во домот помагаат и гранки од ела, сушен пелин, даб, посебно од малку повлажна почва, дури и од блатна; а во тешки случаеви може да се направи опуштање со  килибар.

После чистењето на просторот, добро е во текот на неколку дена да гори свеќа во просторијата – најдобро решение е свеќа донесена од црква. Звонците традиционално користени од Кинезите се способни да ја расеат застојаната енергија од местата до кои што Вие тешко може датигнете. Звончињата што често можат да се видат во кинеските домови не само што ја расеваат негативната енергија, туку и ја хармонизираат онаа енергија што ја има во домот.

За чистење на просторот се потребни и природните кристали. На почетокот тие се измиваат со света вода или се ставаат во морска сол или просто во земјата. Потоа кристалот треба да се програмира за определено дејство. Земете го в рака и гласно кажете што се бара од него, или едноставно принесете го кон своето срце и оставете Вашите чувства да се прелеат во него. Таквиот кристал ќе биде многу добар заштитник на Вашиот дом.

За чистење неретко се користат и различни видови мириси, на пример со оставање парченца сандалово дрво. Но, треба да се помни дека позитивните дејства се присутни само кога мирисите се присутни во воздухот – ако сандаловото дрво го изгуби мирисот фрлете го и ставете нови парченца.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20