Трамп краде нафта во Сирија! Гулси Талборд кандидатка на претседателските избори на демократите, го обвини Трамп дека краде нафта во Сирија…..

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Кандидатката од демократската странка Гулси Талборд за претседателските избори во САД 2020 година, го обвини претседателот на САД Доналд Трамп дека краде нафта во Сирија.  Прво вакво обвинување стаса од потпоралката на Руската Федерација Захарова, која јавно ја обвини САД дека дневно шверцуваат, со други зборови крадат нафта од Сирија, во вредност од милион долари дневно. На годишно ниво би дошло негде околу 400 милини долари. Премногу ниско за неодамна најсилната економија во светот. Од тие причини еден дел од нафтените полиња „кои ги користат курдите“ ги штити војската на САД. Повеќе за овие обвинувања пишува порталот https://inforuss.info/kandidatka-v-prezidenty-ssha/  кој во својот текст вели:

            Кандидатот за демократски претседател во 2020 година, Тулси Габард, го обвини сегашниот шеф на државата, Доналд Трамп, дека сака да заплени нафтени полиња во Сирија.

Како што забележа членот на Конгресот, американските трупи првенствено мора да го штитат народот и националната безбедност на Соединетите држави, меѓутоа, според неа, претседателот Доналд Трамп го сменил курсот. Таа рече дека шефот на Белата куќа порано се залагал за враќање на американските војници од Сирија, но сега тој инсистира да останат таму за да ги заштитат нафтените полиња што се сопственост на арапската земја.

Габард исто така рече дека сегашната состојба е главен пример за тоа како Сирија е под окупација уште од 2011 година. Таа истакна дека на Сиријците им се одземаат ресурсите што се потребни за да се врати нормалноста во земјата.

Ова е пример за тактиката на бесконечна војна во име на промена на режимот во Сирија, што, убедена сум, не требаше да се започне и треба да се запре сега, ја цитира нејзината агенција.

Претходно, генералот Марк Мили, претседател на Генералштабот на вооружените сили на САД, изјави дека Вашингтон планира да продолжи да ги контролира нафтените полиња во регионот Деир ез-Зор во Сирија. Самиот Доналд Трамп повеќе пати изјави дека Соединетите држави се заинтересирани за производство на нафта на територијата на арапската држава.

            Руското Министерство за одбрана обезбеди доказ дека американската војска шверцувала сириска нафта.

На прикажаните слики е прикажано како Соединетите држави шверцуваат гориво кон други земји. Руското Министерство за надворешни работи ги нарече постапките на Вашингтон како неприфатливи, а првиот човек на Фондот за заштита на националните вредности, Александар Малкевич, го повика генералниот секретар на ООН Антони Гутереш да одговори на криминалното однесување на САД во Сирија.

Во многу мои текстови јасно кажав дека САД се наоѓаат во економски колапс, од тие причини претседателот на САД Доналд Трамп излезе од меѓународниот договор за климатското затоплување, за кое ги извести Обиденетите Нации, а причината била што САД најмногу плаќала, издвојувала пари, за борбата против климатското загревањње.

„Соединетите држави денес го започнаа процесот на излегување од Парискиот договор за климата. Според условите на договорот, Соединетите држави ги известиле Обединетите нации за излез. Излезот ќе стапи на сила една година по известувањето “, се вели во документот.

Помпео потсети дека претседателот Доналд Трамп донел одлука да се повлече од Договорот заради „неправеден економски товар“ ставен на рамениците на Соединетите држави. пишува порталот https://rs.sputniknews.com/svet/201911041121129370-amerika-i-zvanicno-izlazi-iz-pariskog-klimatskog-sporazuma/ во дел од својот текст.

Ваквата одлука може да се протолкува како објава на климатска војна, од страна САД, која се чувствува дека е започната.

Само за потсетување САД, поточно претседателот на САД Доналд Трамп еднострано излезе и од договорот за рекети од среден и краток домет, со што безбедноста на опастанокот на земјата е загозен.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20