АСТРО ДЕНОВИ….
КОЈ ДЕН ВИ Е СРЕЌЕН….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнчки
Во стариот Рим, во времето на Август, имињата на деновите во неделата биле давани, според планетите за кои се сметало дека владеат со нив. Првиот ден одговарал на Сонцето, вториот на Месечината (диес Лунае), третиот на Марс (Мартис дие), четвртиот на Меркур (Мерцури диес), петтиот на Јупитер (Јовиес диес), шестиот на Венера (Венерис диес), седмиот на Сатурн (Сабати диес). Стариот завет ја користи римската седмица, но христијаните за “Господов ден” (недела), наместо сабота го одбрале првиот, во знак на сеќавање на Исусовото воскреснување. Англичаните и Германците го нарекуваат “ден на Сонцето”. Астролозите на долното царство сметале, дека денот кој одговара на планетата владетел на некој знак од зодијакот е поволен за раѓање во тој знак, а според нив односите знак – планета – ден се следниве: Овен – Марс – вторник, Бик – Венера – петок, Близнаци – Меркур – среда, Рак – Месечина – понеделник, Лав – Сонце – недела, Девица – Меркур – среда, Терезија – Венера – петок, Скорпија – Марс – вторник, Стрелец – Јупитер – четврток, Јарец – Сатурн – сабота.
Со Водолијата и Рибите владеат Уран, односно Нептун, но старите народи не знаеле за постоењето на овие две планети, па затоа не им одредиле точен ден. Современите астролози сметаат, дека на Уран му одговара сабота, а на Нептун четврток. Исто така, според старите преданија, што се наоѓаат во Библијата, има верувања, според кои постојат среќни и несреќни денови. Ќе ви ја посочам моќта на деновите врз одредени работи, којашто се темели на библиските верувања.
ПОНЕДЕЛНИК
Тоа е најсреќен ден во неделата и добар е за почнување на сите нови работи. Детето родено во понеделник ќе има многу успех и среќа во животот. Во понелник не е добро да се земаат или даваат пари, бидејќи се верува, дека долгот нема да биде вратен, а позајмените пари ќе пропаднат. Особено жените не даваат никакви домашни предмети. Во понеделник се склучуваат договори за венчавка, кумство, градење куќа, далечни патувања. Во понеделник работите треба да почнуваат, а не да завршуваат.
ВТОРНИК
Ова е несреќен ден и не треба да почнувате нови работи. Работите почнати овој ден нема да вродат со плод и нема да завршат. Децата родени во вторник обично имаат лоша среќа. Не е препорачливо, ниту да се примаат гости, ниту да се оди на гости. Се мисли, дека оној кој ќе умре во вторник ќе се повампири. Во овој ден не се пере долната облека и не се чисти куќата. Вторник е ден, кога успева црната магија и единствено личностите, кои се занимаваат со црна магија во вторник се активни, зашто нивните гатања успеваат. Ни за момчињата, ниту за девојките вторник не е поволен за почнување нова врска.
СРЕДА
Среда е добар ден и тогаш може да почнуваат нови врски. Децата родени во среда ќе бидат напредни и здрави. Среда е добра за трговија и е добро да се почнат работи на нива и лозје. Во среда не се јаде мрсна храна. Децата не е добро да се бањаат во среда, зашто брзо ќе се разболат, а особно женските деца. Во среда не е добро да се меси леб, а треба да се одбегнуваат кавгите и правните расправи.
ЧЕТВРТОК
Четврток е сличен на понеделник и сите работи, што се почнуваат ќе донесат успех и добивка. Тој ден се вршат свадбени договори и подготовки.
Во четврток е добро да се почнат работи на нива, како и работи во лозје и во овоштарник. Жените во четврток не перат, особено бели алишта, за да не предизвикааат град и големи поплави. Во четврток куќата се кити со лескови гранчиња, за да се одбијат грмежите. Според народното предание, леската штити од гром, а богот Перун е громовник и владее со луњите. Тоа би можело да биде објаснение, зошто во четврток куќите се китат со гранчиња од леска.
ПЕТОК
Ова е среќен ден, кога се оди од рака. Но, петок знае да ги казни “грешните” луѓе па така, ако во петок некому се му оди лошо се вели “му дошол црн петок”. Во петок се одбегнуваат погребите, за да не се повампири мртовецот. Жените во петок треба да постат и ништо да не работат. Овој ден никому не му се носи млеко, сирење и кајмак, за волците да не го колат добитокот и да не ги напаѓаат пастирите. Не се чешла косата за да не боли главата. Петок се смета за свет ден, бидејќи според старословенското верување постои и светец, чиј ден е петок – света Петка. Иако петок е среќен ден постои верување, дека ако петок падне на 13 – ти во месецот донесува несреќа. Но, некои пак веруваат, дека токму тој петок 13 – ти им носи најмногу среќа.
САБОТА
Сабота е ден, кога се оди на гробишта и кога се посетуваат мртвите. Тој ден се одбегнуваат големи работи. Евреите саботата ја сметале за свет ден и ништо не работат, ниту одат во посета. Во саботата се организираат разни седенки и игранки. Детето родено во сабота нема да биде среќно. Овој ден е дозволено перење алишта, чистење на куќата, а особено бањање. Во сабота се одбегнува секаква работа со добиток, за посевите да не бидат уништени од град. Личностите, кои се родени во сабота ќе го научат немуштиот јазик и ќе можат да разговараат со животните.
НЕДЕЛА
Неделата, меѓу народот се смета за свет ден, кога не треба ништо да се работи. Тоа е ден, кога се посетуваат црквите и другите божји храмови. Во недела се приготвуваат свечени ручеци и други прослави. Неделата е најповолна за венчавки и крштевки, зашто се смета, дека тој ден носи среќа. Ова верување датира уште од Христовото раѓање, односно се смета, дека Исус воскреснал во недела. Тогаш луѓето правеле сеопшти прослави, а другите работи ги одложувале за наредните денови.