Путин внимателно ги следи двојните игри на Кина и Србија… Кина тоа го прави многу по перфидно, додека Вучиќ не крие за кого работи…..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Како новинар аналитичар внимателно ја следам светската политичката сцена, без разлика што не работам за никого – тоа ми остана како професинална деформација. Интересна ми е играта на 3-те гоолеми сили : САД, Русија и Кина. Но, тука нормално се и Балканските држави.
Потезите што ги повлекува и што ги прави Кина, претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин, како поранешен кадар на КГБ, лесно ги чита. Од тие причини кога кинеските новинари го прашале на кој сијузник би се потпрел во случај на војна со САД, Владимир Путин им одговорил: Само на сопствената армија и сопствениот народ“.
Кина за да ја зазема лидерската улога од САД на светската сцена и требаше воена сила која ќе и го чува грбот, за да мора другата страна да потклекне, да ги прифати нејзините услови.
Од тие причини кога САД и Западните земји и воведоа санкции на Руската Федерација, Кина ово го искористи, однапред од Русија купи гас,поточно плати за наредните неколку години. Исто така купи на десетини батерии од ракетниот систем С-400, на кој се обиде да догради нивни верзии.
Минатогодишна војна вежба (2018 година) која се одржа во Русија на која учествуваа војские на Русија Кина и мал број на Монголија, учествуваа над 350 000 војници, над 1000 авиони и над 10 000 тенкови, најголема вежба во Иасторијата. Целта на Кина беше да види колкава е воената моќ на Руската Федерација и да ли може да се потпре на неа во трговската војна со САД. Затоа за разлика од минатогодишна воена вежба, годишнава беше преполовена (180 000 војници), а во меѓувреме имаше воена вежба во Кина на кинеската и руската морнарица во Кина.
Како новинар аналитичар нелогично ми се санкциите на САД кон Руската Федрација, за купување на оружје од неа, а истите санкции ги нема воведена кон земјите што купуваат оружје од Кина. САД на Кина им воведе санкции само кон „хуавеј“ компанијата, како и кон зголемување на царини на многу производи, со што Кина им одговори, потоа дојде до заклучување на договор помеѓу САД и Кина, со што заврши трговската војна меѓу САД и Кина.
Се прашувам колку е паметно е изградбата на автопатот од Кина преку Русија до западна Европа, кој е над 2.000 километри, единствено целосно ако не го инвестира Кина.
Кина длабоко е економски навлезена во САД. Поседува скоро најмногу државни обврзници на САД, после Јапонија, ја купи Чикашката берза, има купено многу брендирани фирми во САД.
Од тука се поставува прашањето колку вистински Кина се бори за делоразација, без разлика што има потпишано договор со Руската Федерација за трговија во сопствени валути.
Кога е Балканот во прашање исто така може да се забележи двојната игра.
Кинеската пруга се проби низ Босфорот без никакви препреки и санкции од САД. Преку Пиреја, ќе помине низ Македонија и Србија со крајна цел во Будимпешта.
Во исто време на Рускиот гасовод „јужен тек“ се случуваат разни блокади и пречки, санкции. Во соседна Србија Кина влезе со инвестиции, ја купи желазарата во Смедерово, ја започна и изградбата на пругата „патот на свилата“ од Белград до Будимпешта, а логично требаше да почне со изградба од Пиреја. Во Србија заедно со српската полиција патролираат кинески полицајци.
Сето ово зборува за двојната игра на претседателот на Србија Александар Вучиќ. Но, таа двојна игра е многу одамна.
Наводнота голема српска љубов и руска е само на хартија. Без разлика што Русија им помогна околу создавањето на државата и ослободувањење од Турција. Во првата светска војна беа сојузници со Франција и Ангилија, а и во втората светска војна кралот се наоѓаше во Велика Британија, од каде ги помгаше четниците со оружје.
Многу брзо ја заборавија помошта на ССССР и Црвената армија во ослободување на Белград, каде Русија даде над 1000 животи.
Уште од времето на Милошевиќ во министерството за одбрана цел спрат имат остапено на НАТО, што зборубва дсека се нивен индеректен сојузник.
Со години Србија одбива да им даде дипломатски статус на крзниот руски центар во Ниш. Од тие причини Русија веднаш не и го прати авиониот за гаснење пожари Иљушин, по пожарите што се случија во Србија, особено на Стара планина.
Со војната вежба „словенски штит“ помеѓу руската војска и српската Русија, поточно Владимир Путин му покажа на Александар Вучиќ што можат да поседеуваат за целосна нивна безбедност.
Од тие причини на вежбата беа донесени ракетните системи С-400 и „панцир“. Но, по вежбата Русија ги врати.
Престесдателот на Србија Александар Вучиќ зборува дека е договорено купувањето на системот „панцир“ кој чини 680 милиони доларти, што не е малкиу за српската економија.
Ракетниот систем „панцир“ секогаш дејствува во пар со ракетниот систем С-400, значи како сам ја нема ефективноста.
Русија подолго време бара од Србија да изгради воена база во Ниш, но не доби дозвола ниту за дипломастскиот статус на нивниот центар за поомош од елементрни непогоди во Ниш.
Ово Србија много ќе ја чини.
Русија ако добиеше дозвола за изградба на воена база во Ниш, Србија бесплатно ќе ги добиеше ракетните системи С-400 и „панцир“, ќе беше безбедна од распад и напад од било кој, немаше да се повтори 1999 година.
Кога е во прашање 1999 година, се лутат на Русија зошто не им помогна, без разлика што им помгаше индеректно. Директно не беше подготвена во тој момент за војна со САД.
Но, можеше да и го даде ракетниот систем С-300, со што НАТО не би можел да ги бомбардира. Но, не и го дадее поради двојната игра во тој период на Слободан Милошевиќ, исклучувајќи ја Русија од „Дејтонскиот договор“, Русија тогаш беше изолирана од договорите, освен при донесувањето на резулуцијата 1244 за Косово.
Моите анализи зборуваат дека Владимир Владимкирович Путин ги пушта Си Џи Пинг и Александар Вучиќ да види до каде ќе одат, потоа ќе гиприземји.
Од тие причини САД ја провоцираат Русија за воен конфликт, несвесни дека можат за 15 минути да бидат избришани од картата на светот, а Кина економски да се врати, на почеток.
Со рускиот интернет „рунет“ во полна пареа и паралелниот систем на SWIT, Кина ќе се приземји, а САД можеби веќе ја нема.
Србија ќе остане со прст во уста, можеби ибез Војводина и дрги делови.
Србија не треба да заборават дека помеѓу Унгарија и Русија е се поголема соработката на воено и економско поле.