Да ли Кина ќе се разбиди? САД подготвува закон заспецијален статус на Хонг Конг… САД јасно кажаа „Русија повеќе не е главен непријател на САД, Кина е непријател бр. 1…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Седењето на Кина на две сѕолчиња, може скапо да ја чини. Прашањето од киниски новинар до претседателот на Руската Федерација Владимир Путин беше: „на кој сојузник ќе се потпрете во случај на војна со САД?“
Одговорот на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин беше „На сопствениот народ и сопствената армија“.
Јас, да бев на местото на претседателот на Руската Федерација, покрај добриот одговор што му го даде на кинескиот новинар, јас би го прашал „Кина на кој сојузник ќе се потпре во случај на војна со САД?“
За мене како новинар аналитичар многу поверојатна е војната помеѓу САД и Кина, отколку помеѓу САД и Руската Федерација.
САД се свесни дека во војната со Русија би биле избришани од картата на светот, па и да ја уништат Русија, се активират нуклеарни системи кои ќе ја избришат САД од картата на светот. На воено поле Руската Федрација е неколку чекори пред САД, единствена во светот поседува хиперсонично оружје. За разлика од Кина која пседува само нуклеарно оружје. Добро е познато дека над дестина батерии од рускиот ракетен систем С-400 купи Кина купи од Руската Федерација.
Не знам колку Кина ги следи изјавите од САД, кои доаѓаат, каде самите велат дека Русија повеќе не им е најголем непријател туку Кина.
Оваа изјава доаѓа од причина што Кина економски ги надмина САД, им ја купи Чикашката берза, главната берза, купи многу бриндирани фирми во САД, а поседува илијадници миларди долари државни обврзници на САД.
Со новиот закон што се подготвува во сенатот за специјален статус на Хонг КОнг нс Кина и се зарива нож во грб. Познато е дека најголемите трансфери на акции одат токму преку берзата во Хонг Конг. Со ово САД јасно кажуваат дека стојат за „демократските“ демонстрации во Хонг Конг.
Малку трагикомична ми е изјавата на претседателот на Кина, поточно неговото предупредување до САД, да не се мешат во внатрешните работи во Кина.
На САД крајна цел е да се предизвика граѓанска војна во Хонг КОнг, каде Кина би морала воено да интервенира. Во меѓувреме не е исклучено САД да ги наоружа демонстрантите, насилно да се обидат да извршат обоена револуција во Хонг Конг.
Целта е да се запре економската експанзија на Кина, да се блокира нивната главна берза во Хонг Конг.
Тука треба да се напомене дека САД воено во моментот е посилна од Кина.
Но, во неизбежниот воен конфликт помеѓу САД и Кина, ќе биде важно кој прв ќе го притисне „црвеното“ копче….