Васко Ефтов (видео) во офанзива во разголување на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ… Никола Груевски заминува во егзил по промената на уставното име…..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува. Илија Бошков – Крајнички
Вааско Ефтов тргна во офанзива во разголувањето на ликот на Никола ГТруевски, како и во улогата на ВМРО ДПМНЕ во отварање на уставот и во промената на името.
Со многу работи што ги изнесе Васско Ефтов во неговата емисија „во центар“ точни се и подкрепени се со факти.
Фа,кт е дека поранешниот прениер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски замина по уставните промени. Факт е дека никогаш не ја демантираше изјавата на пратеничката Смајловиќ дека уште во 2014 година за парламетарни избори Никола Груевски од идните пратеници барал да потпишат изјава дека ќе гчасат за промена на уставното име. Што зборува се било сихронизирано, валканите работи да ги завршат премирот Зоран Заев со поддршка, поточно чувајќи му го грбот лидерорт на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.
Интерссна е изјавата на премиерот Зоран Заев која ја имаше дадена „Јас и Никола Груевски не се гледаме преку нишан“.
Многу симптоматично е што Никола Груевски ниту еднаш како ни Христијан Мицковскки не го повика членство на ВМРО ДПМНЕ да го бојкотитаат референдумот, спротивно имал намера да се излезе на референдумот и да се победи, ќе било подобро.
До некаде се согласувам со овој став на Никола Груевски, но немаше услови ако се излезе да се победи, ќе имаше поголемо лажирање, затоа бојкот беше единствено излезно решение.
Интересен факт е исто дека Никола Груевски уште бил во Македонија кога неговиот братучед Сашо Мијалков ги врбуваше или потплатуваше пратениците, заедно со власта 8-те пратеници.
Факт е дека Никола Груевски никогапш не ги осуди пратениците што гласаа за отварање на уставот и промена на името. Никогаш не ги осуди двата пратеника што ги ортворија врартите на Сообранието, а ги одсуди оние што влегоа и сега гнијат по затворите.
Се поставува прашањето како народот ќе влезеше во Сообранието, ако некој од внатре не гио отвореше вратите. Ово зборува дека сето е само голема престава за македонскиот народ.
Во ниеден момент додека беше во Македонија Никола Груевски не се огласи да ги осуди пратеницитѕе што ги отворија вратите, ниту пратениците што гласаа за отварање на уставот и промена на уставно име, што зборува дека сето било и со негов „амин“ и со помош на неговиот братучед Сашо Мијалков.
Сето ово држи вода во емисијата на Васко Ефтов. Но, се поставува прашање зошто Васко Ефтов ово прташање или ова офанзива не ја започна додека беше во „Алфа“, а тоа сега го прави пртеку својот канал на јутуб.
Без разлика на изнесените точни податоци, се поставува прашање, сега кога Васко Ефтов е надвор од „Тв Алфа“ да ли и за кого сега одработува?
Анализирајќи ја емисијата се гледа целта, дека целта е да се сподели одговорноста на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, поточно на Зоран Заев и Никола Груевски за промената на Уставот и уставноти име. Ово се прави токму кога се загрева кампањата за парламетарните избори.
Да се надеваме дека наскоро ќе се открие „работодавецот“ или причината за офанзивата на Васко Ефтов.
Без разлика на се, вреди емисијата внимателно да се погледне, изубилува со многу точни тези и факти, но нападни, во некои моменти еднодстрано искажани.