Ердоган: „Драг Макрон, проверете го прво вашиот мозок“.. Не знам што Франција преставува за НАТО, но Турција е многу важна земја за НАТО..

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Светската политичка сцена стана отврена сцена на комедии, со бесконачни серии. Не знаеш која прво да ја гледаш.

           Меѓу најновите комедии е комедијата која се се случува меѓу претседателот на Франција Емануел Макрон и и претседателот на Турција Таијип Реџеп Ердоган. По изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека „НАТО доживеа мозочен удар“, во своето интервију за „Економист“. Рој во интервијуто спомна дека Турција не може да рачуна на солидарност на алијансата по нејзината офанзива во Сирија, со што ја „загрозила антитеростичката коолиција“ во Сирија.

Повеќе за најновата комедија на светската политичка сцена пишува порталот

http://vostok.rs/index.php?option=btg_novosti&catnovosti=2&idnovost=122893&Erdogan-predlozio-Makronu-da-%E2%80%9Eproveri-svoj-mozak%E2%80%9C кој во својот текст вели:

           Турскиот претседател Таијп  Реџеп Ердоган ја коментираше изјавата на францускиот колега Емануел Макрон за „мозочната смрт“ на НАТО.

Макрон ја даде оваа проценка за состојбата во Северноатлантската алијанса во интервју за „Економист“. Според него, не постои координација во НАТО за стратешките одлуки меѓу Соединетите држави и другите партнери. Германската канцеларка Ангела Меркел и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг изјавија дека не делат вакви груби проценки.

Покрај тоа, Макрон рече дека Турција не може да смета на солидарноста и поддршката на НАТО по започнувањето на воената операција во Сирија што ја загрозува анти-терористичката коалиција.

           „Не знам што значи Франција за НАТО, но Турција е многу важна земја за НАТО. Макрон најави мозочна смрт на НАТО: „НАТО е мозочно мртов“. Драг Макрон, прво проверете го вашиот мозок, затоа што ваквите изјави се карактеристични само за оние како вас, чиј мозок е мртов“, го цитира НТВ Ердоган.

Според турскиот лидер, францускиот претседател нема искуство во борбата против тероризмот и затоа земјата е окупирана од жолти елеци.

„Дали е твоја работа да ја ибркаш Турција од НАТО или не? Дали донесовте такви одлуки? Скокајте колку што сакате, но ќе го почитувате суверенитетот на Турција“, рече турскиот лидер.

Тој додаде дека безбедноста на Турција значи безбедност на Европа.

           Факт е дека Турција е втора најголема сила во НАТО по бројот на воници по САД. Со излегување на Турција од НАТО, каде се најголемите бази наСАД за Блискиот исток, одсобено базата „Инџирлик“.

           Очигледно е дека изјавата на претседателот на Франџција Емануел Макрон за Турција e под влијание од САД, бидејќи турската офанзива во Сирија ги загрози „сојузниците на САД – курдите“.

           Не e исклучено наскоро претседателот на Турција Таијп Реџеп Ердоган да му понуди на претседалот на Франција Емануел Макрон лекување во некоја од душевните болници во Турција.

           Претседателот на Франција заборава дека околу 30 проценти на населението во Франција се муслимани..

Треба да внимава не ме се случи граѓанско верска војна, по која ФРанција може да стане мудслиманска држава..

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20