Дали трговска војна на САД со ЕУ и Франција ќе го убрза распадот на НАТО? Трамп започна трговска војна со Европската Унија и Франција….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
ПИшува. Илија Бошков – Крајнички
Претседателот на САД Доналд Трамп започна трговска војна со Еу зголемувајќи им ги царините поради субвенциите на компанијата „Ербас’ од страна на ЕУ. Компанијата „Ербас“ е во моментот најголем конкурент на американскиот “Боинг“.
Како одговор на овие овие зголемини царини Франција и одговори со поглеми даноци кон електронските компании на САД: Гугол, фејсбул, Епал….
САД веднаш како одговор на Франција се подготвува да и ги зголеми царините на француското вино скоро за 100 проценти, вкупното зглемување на на царини годишно Франција би ја чинело 2,4 милијарди американски долари.
Повеќе за трговска војна на САД со ЕУ и Франција пишува порталот
Франција води дискриминаторска политика против електронските американски компании и како одговор на тоа, Соединетите држави би можеле да воведат тарифи до 100% на француската стока во вредност од 2,4 милијарди американски долари, се вели во извештајот на американската трговска организација.
Кон средината на јули, францускиот парламент донесе закон за данок на услугата за поголемите електронски компании како Амазон, Епл, Фејсбук и Гугл. Оваа одлука предизвика силни критики од Соединетите држави. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека може да воведе одмазда за француското вино. Во исто време, во август, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е постигнат договор меѓу Париз и Вашингтон, што значи дека штом се воведе електронскиот данок на меѓународно ниво, Франција ќе го укине данокот на најголемите електронски компании (ГАФА).
Американскиот претставник за трговија рече дека го „завршил првиот дел од истрагата“ за дигиталниот данок на Франција и заклучи дека е „дискриминаторски против американските компании“, а конкретно компании како „Гугл“, „Епл“, „Фејсбук“ и „Амазон“.
Како одговор на тоа, Соединетите држави размислуваат за воведување царина за стоки во вредност од 2,4 милијарди американски долари.
„Одлуката на Делегацијата испраќа јасен сигнал дека САД ќе преземат акција против електронските даночни режими што ги дискриминираат американските компании. “, се вели во соопштението.
Слични истраги се покренати против Австрија, Италија и Турција, соопшти агенцијата.
Во октомври, Соединетите држави воведоа 10% царина за авионите и 25% на земјоделските и индустриските производи на ЕУ, по решението на Дирекцијата за решавање спорови на Светската трговска организација. Ова беше направено како дел од компензацијата за штетата во САД предизвикана од Европската унија поради субвенциите на Ербас.
Комесарот за трговија на ЕУ, Сесеила Малмстром, објави дека Европската комисија ќе се бори до крај за да ги убеди Соединетите држави да не преземаат трговска акција против ЕУ во случајот со Ербас.
На отварањето на НАТО самитот во Лондон претседателот на САД Доналд Трамп ја коментираше изјаваата на претседателот на Франција:
„Макроновите коментари за мозопчната смрт на НАТО многу се навредливи“…
Се очекува по оваа шлаканица Макрон на НАТО претседателот на САД Доналд ТРамп да почне да го преваспитува, да го превземе од соругата на Макрон недоваспитаното дете.
Ќе му објасни дека вистината не се изнесува јавно, треба членките на НАТО да ги остави во светот на фантазијата…