Премиерот на Бугарија Борисов, решил да лови во матно… Борисов на Ердоган му удира нож во грб, се игра со трпението на Путин…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Во затегнатите односи меѓу САД и Турција, каде едни на други им се закануваат премиерот на Бугарија на САД им нуди „Соломоново решение“. САД на Турција се заканува со санкции, додека Турција со затворање на двете бази ви Турција, особено на базата „Инџирлик“.
Како новинатр аналитичар кога го прочитав текстот на порталот: vebtribune https://webtribune.rs/nato-im-garant-pa-ni-jedan-gasovod-ne-smeju-da-naprave-sa-leve-strane-krim-sa-desne-istanbul-a-iza-nas-je-i-kosovo/?fbclid=IwAR2WXxVSOnd3qwtXgoYQlpK0IupOlPQOGFV5CqxPRJYTnNe01h3Im2zUsyA кој го превземал од sputnik забележав многу провидна игра на премиерот на Бугарија Бојко Борисов.
Премиерот на Бугарија Борисов решил да лови во матно.
На своите амирикански пријатели им ја понуди Варна, која е на Црното море за „за кординација на Алијансата“ поточно за база на САД.
Добро е познато дека предходно САД и Украина се подготвува Русија и руските војници да ги избркат од Крим, Крим да стане амириканска база, со што САД би имале база на Црното море, би биле на границата со Русија.
Премиерот на Бугарија како замена им ја понуди Варна за база место Крим, но и како замена за базата „Инџирлик“ во Турција.
Со овој потег на претседателот Ердоган и на Турција и удира нож во грб, но и на Руската Федрација.
Подолго време претседателот на Руската Федерација Владимир Путин го влече „за нос“ со почетокот на изградбата на рускиот гасовод „турски тек“.
За самиот гасовод „Турски тек“ претседателот на Биугарија Румен Радев изјави дека им е неисплатлив, ќе им бил исплатлив по 15 години. Од тие причини подобро е да изградат терминали за течен гас од САД. Само за информација течниот гас од САД е поскап, а се губат и транзтните такси за поминување на рускиот гасовод низ Бугарија.
Најтрагикомично ми делува изјавата на премиерот Бојко Борисов дека со Русија преговара за иградба на нуклеарната централа „Белине“.
Претходниот премиер на Бугарија Станишев со Русија имаше потпишано договори за три проекти со Русија: Рускиот гасовод, Руски нафтовод и изгеадбата на нуклераната централа „белане“, со што овие проекти досега ќе беа во функција.
Со доаѓањето на власт на премиерот Бојко Борисов, со помош на САД, ги понуштува трите договори со Русија кој ги потпиша неговиот предходник Станишев.
Од ова причина, трагикмично делува неговата изјава дека со Русија преговара за Балкански гасовод и изграсдбата на нуклеарната централа „Белане“.
Во проектот на нуклеарната централа „Белане“ предходната влада на ВМРО ДПМНЕ даде согланост за приклучување при изградбата.
Бугарија е на пат со премиерот Бојко Борисов да дојдат во криза со струја и гас.
Понудата на Варна за војна база на САД Турција нема да и прости, а ќе ги нарушат односите и со Русија.
Само за потсетување! Бугарија благодарение на царска Русија се ослободи од Турција, каде Русија даде големи жртви во војната со Турција Бугарија да ја ослободи, да стане држава.
Претседателот на Руската Федрација Владимир Путин го предупреди премиерот на Бугарија Бојко Борисов дека ако продолжи да одугувлекува за со изградбата на гасоводот „Турски тек“ Русија ќе најде алтернативна траса.
Само за потсетувањее! Бугарија со влегуваање во ЕУ и НАТО влезе во должничка криза, но што е пооапасно и во демографска катастрофа, скоро третина од населението ја напушти Бугарија.
Само за пример, скоро пред две години излезе информација дека цело село од Бугарија, заедно со кметот се иселило да живее во Шпанија. Многу помали градови, особено села им се пусти, без жители. На локалните избори во многу места имаа само по еден кандидат за кмет, за кој требаше да гласат некој од неговите роднини, со неколу дласа да стане кмет (градоначалник).
Проектот „Варна“ може прескапо да ја чини Бугарија, но и САД. Овој проект може да предизвика директен конфликт на САД и Русија на Црното море, кој може да предизвика и нуклеарен конфликт меѓу овие две земји.
Повеќе за изјавата на премиерот на Бугарија Бојко Борисов донесува текстот на спомнатиот портал. Еве го текстот во целост:
Бугарија го гледа НАТО како единствен гарант за безбедноста во Црното Море, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Не сакам да коментирам за НАТО, бидејќи Крим е лево во Црното Море, Истанбул е на десната страна, а Косово е зад нас“, рече Борисов.
Бугарскиот премиер исто така рече дека официјална Софија има намера да одржи баланс врз основа на подобрување на воената опрема и дијалогот со Русија.
„Принципот за кој секогаш се залагав и, за среќа, се залага и Столтенберг, се заснова на одбрана и воздржаност. Затоа, Бугарија исто така работи на подобрување на својата воена опрема за да може да биде силна и во можност да одолее на какви било обиди да нападне нејзината територија. Дијалогот со Русија е друга работа, поради што работиме на проект за изградба на нуклеарната централа „Белене“ и гасоводот „Балкан тек“ “, истакна Борисов.
Тој додаде дека и Белата куќа и НАТО, како и ЕУ, се добро запознаени со сето ова, пренесува Спутник.
„Бугарија нема што да крие. Токму оваа рамнотежа ни овозможува да играме клучна улога во регионот, на Црното Море и затоа се надеваме дека потпишаниот договор со Америка за создавање центар за координација во Варна ќе најде огромна поддршка и од НАТО “, заклучи Борисов.
(Спутник)