Победата на Борис Џонсон е почетокот на распадот на ЕУ и НАТО… Трамп преку поддршката на Борис Џонсон и удри шлаканица на Европската Унија..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Големата победа на Борис Џонсон во Велика Британија, преставува почеток на распадот на Европската Унија, како и на НАТО.
Вистинската причина за брегзитот на Велика Британија беше долгот на Велика Британија кон европските фондови од 39 милијарди фунти или околу 44 милијарди евра.
По победата на Борис Џонсон, која преставува историјска победа со 364 пратеника од 650, зборува дека добил мнозинство, јасно укажува на излегување во јануари на Велика Британија од ЕУ без или со договор.
Што се однесува до победата на конзервативната партија над лаборисите, ваква победа не е забележана од 1983 година, од победата на Маргарет Тачер, позната како „челичната леди“.
Но, што е тука најинтересно?
Веднаш по победата на Борис Џонсон, се јави претседателот на САД Доналд Трамп да му ја честита победата со зборовите:
Ќе направиме сега многу подобар трговски договор, отколку со Европската Унија“.
Ако се добро анализира ова реченица или честитка на претседателот на САД Доналд Трамп, зборува дека САД со остатокот на ЕУ започнува трговска војна, особено со Германија и Франција, до распадот на Европската Унија.
Со самото излегување на Велика Британија касата на ЕУ е попразна, со што членките ќе треба да плаќаат поголема чланирана, како што бара претседателот на САД Доналд Трамп за членство во НАТО.
Сето ово зборува за многу брз распад на Еу, а потоа и на НАТО.
Но, не е исклучено НАТО да се распадне побрзо, собено ако колмунира напнатоста на САД со Кина, Русија, Северна Кореја и Иран.
Ако не дојде до коолминација на напнатоста, САД ќе гледа да го задржи НАТО, само поради вонеите бази во земјите кои се граничат со Русија, како што се Полска, Романија и Бугарија.
Самата намера во Варна да се гради воена база за кординација на НАТО е директна закана за Русија, како и за Турција, да не „помисли“ да ги брка американците од воените бази во Турција…
Покрај САД, по овие наддлудничави потези на САД, подебелиот крај од стапот ќе го извлечат Полска, Романија, особено Бугарија.
Секаде кае што ќе има стацинирано бази на НАТО, особено со ракетни системи, ќе бидат легитимна цел на Русија, Кина, Северна Кореја…..