Крвната група го определува карактерот… Хранете се според крвната група…..
ХРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Подготвил: Илија Бошков – Крајнички
Научниците сметаат дека од крвната група на секој човек многу зависи карактерот, темпераментот и неговото здравје.
КРВАНА ГРУПА А
Луѓето од крвната група А се учиви, љубопитни и ги сочувуваат работните способности и во услови на силен стрес. Тие се совесни и уредни. Брзо се движат по скалите на успехот. Нивното “да” секогаш е сигурно. Тие се верни на пријателите и на саканиот човек. Луѓето од оваа група се отелотворение на добродетелта. Но, здравјето не им е така стабилно. Наклонети се кон болестите на цивилизацијата – артеросклероза, инфаркт на миокардот, камења во мочниот меур, дијабетис и сл.
КВНА ГРУПАБ
На групата Б и припаѓаат луѓе кои се чувствителни, надарени и нежни. Тие се добри колеги и пријатели. Во работата многу бараат од себе и од другите. Нивната чувствителна и ранлива душа се крие зад надворешното спокојство и невознемиреност. Но кога станува збор за љубовта, чувствата се пројавуваат бурно и незадржливо. Жените о групата Б се љубоморни, многу се самостојни, непостојани и често дејствуваат според своето расположение. Колку и да е чудно тие луѓе се поздрави од групата А.
КРВНА ГРУПА АИ Б
Најмалку две природи поседуваат оние со крвната група АБ. Тоа понекогаш е причина за мачни сомневања и страдања. Таа бура на страстите секогаш е длабоко скриена од туѓите очи. Во љубовта, пријателството и семејството тие се блиску до идеалниот партнер: мечтаејќи за среќа тие се стремат да ги направат среќни луѓето околу себе. Генетичарите немаат многу согледувања во врска со оваа кртвна група, бидејќи таа се среќава поретко и тоа ги отежнува истражувањата.
КРВНА ГРУПА О
Луѓето од крвната група 0 се енергични, конатктибилни, имаат силна волја и способности да се пробиваат. Раководните места се најсоодветни за нив. Работоат без да се уморат и способни се за кусо време да направат трипати повеќе од другите. Имаат забележително здравје и се долголетници. Веројатноста да се доживее длабока старост е доста поголема, отколку кај луѓето од другите крвни групи. Искажано е мислење дека луѓето од квната група 0 се физички поздави, затоа што и психички се постабилни. Како до здрав живот?
ХРАНЕЊЕ СПОРЕД КРВНАТА ГРУПА
Во таа фина и сложена супстанца – крвта, се кријат многу загатки. До ден денес научниците не можат да установат 1/10 од нејзината суштина. Тука се закодирани и пораките од минатото, шифрирано писмо од нашите претци. Наместо букви во него има еритроцити и левкоцити, антигени и антитела.
Пред околу сто години, австрискиот научник Карл Ландштајнер ги открива крвните групи кај човекот и кај нив открива определени антигени, кои не дозволуваат да се мешат различни типови. Меѓу останатото, освен што тоа има значење при евентално давање крв од еден на друг човек, се покажа дека и хранењето е различно според групата кон која припаѓаме.
Секој тип крв има свој заштитен систем против инфекции, вируси, бактерии и токсични материи. Главниот стражар на нашиот организам се антигените, приврзани кон црвените крвни телца. Да претпоставиме дека на нивна територија настанал “напад” на вируси, нашите антигени веднаш изработуваат антитела слични на торпедо. Тие се насочуваат кон противникот – непријателскиот антиген и се прилепуваат кон него. Како резултат на тоа вирусот губи подвижност и си останува на местото. Понатаму настанува она што научниците го нарекуваат аглутинација: вирусите се слепуваат во групи. И ете го крајот на воената операција: запленети и обезоружани, нарушителите се исфрлаат од организмот.
Заштитниот механизам кај човекот се формирал во текот на илјадници
години. Изменета е средината во кој постои, начинот на живот и хранењето. Како
резултат на тоа се преобразил целиот имунолошки систем и составот на крвта
бидејќи се создале нови преобразени антигени. Па од нив се определува и крвната
група.
Ако се смешаат две различни групи на стаклена подлога реакцијата ќе биде толку силна што може да се набљудува и со голо око. Клетките од едната група ќе се поврзат со антигените на туѓата крв.
Слична реакција во крвта настанува и при консумација на некои
производи. Тоа донекаде е и генетски предодредено.
Поради таа причина, секој човек треба да има свој начин на исхрана и методи на борба со вишокот килограми.
КРВНА ГРУПА 0
Неандрталците и кремањонците, од кои се смета дека произлегол
човекот ја имале таа крвна група. Тие првобитно живееле во дивата природа и се
прехранувале со лов и собирање диви плодови. Системот за варење се прилагодил
кон богатата и животинска храна полна со белковини со ниска содржина на јаглени
хидрати.
Кај претставниците на нултната крвна група генетски се наследени настојчивост, сила, енергичност и наклонетост кон ризик. Тие се природни лидери кои заразуваат со својот оптимизам. Нивниот организам има потреба од интензивни физички активности. Во спротивен случај, паѓаат со духот и натрупуваат вишок килограми.
Соодветни за нив се аеробикот, силни физички вежби и возење велосипед.
Високопротеинска диета
Претставниците на оваа крвна група не можат да живеат без секојдневното
конзумирање месо. За нив се корисни сите видови месо со исклучок на свинско и
гускино (тоа со кое претежно се хранеле нивните прадедовци). За ефективна
размена на материите тие имаат потреба од високопротеинска диета.
При консумација на зрнеста храна имаат тешкотија при усвојувањето на корисните
материи. Се забавуваат процесите на размена и пречат на ефективното усвојување
на калориите.
Тоа дава претпоставки за натрупување на вишок килограми. Ако страдате од
наднормално тело, тогаш е задолжително да се откажете од продуктите од тесто, а
исто така и од пченката, и од некои видови грав и леќа.
– За претставниците на оваа група соодветни се ограничен избор на зрнести
култури: просо, ориз, јачмен, ‘рж и грашок.
– Млечните продукти исто така не се за нив. Поради таа причина рибата може да
стане основна состојка во нивната диета.
– За балансирање на храната исклучително се важни зеленчуците, но без модри
патлиџани и компири. Нивните летини се таложат во ткивото околу половината и
тоа води до артритис. А доматите кои се особено опасни за крвните за крвните
групи А и Б, за групата 0 се исклучително корисни.
– Поради намалената функција на штитната жлезда се несоодветни обоената зелка и
брокулата.
– Повишената киселост на стомачниот сок овде диктираат некои ограничувања: да
се избегнува конзервирана храна, јаболков и портокалов сок и киселите плодови.
Особено полезни се смоквите и сливите.
КРВНА ГРУПА А
Оваа крвна група се појавила пред 25 до 15 илјади години п.н.е. во
времето кога ловецот започнал да се преобразува во сточар и земјоделец. Дивите
животни се претвориле во домашни и не било веќе потребно да бидат ловени за
прехрана.
Носителите на оваа крвна група се добродушни и трпеливи наклонети да ги
помируваат скараните. Иако меѓу нив се среќаваат природи наклонети кон
лидерство, повеќето од нив се совесни и исполнителни работници. За
претставниците на групата А се несоодветни спортовите кои бараат тежок и
заморен тренинг. Соодветни се хата-јога, тај-чи-чуан, пливање, одење и лесна
гимнастика.
Режим на исхрана
– Најкорисна е вегетаријанската храна. Од месото тие се дебелеат. Важна е
умешноста тоа да се замени со риба или пилешко и да се огранички консумирањето
колбаси.
– Особено корисни се растителните белковини кои се содржат во мешункастите
култури.
– Природното млеко лошо се усвојува од луѓето од оваа крвна група поради фактот
што се изработуваат антитела на првичниот шеќер. Се разбира не е добро да се
исклучат сите млечни продукти, бидејќи тие се извор на калциум во организмот.
Можат да се заменат со производи од кисело млеко.
– Зеленчуците (без домати, модри патлижани и лук) треба да се наоѓаат
секојдневно на нивната трпеза. Минимум варење – максимум полза.
– Овошјата, исто така се корисни, но да се внимава на бананите! Содржината на
лектини во нив го отежнува варењето на храната. Мандарините и портокалите не се
соодветна храна.
КРВНА ГРУПА Б
Оваа крвна група се појавила околу 15 до 10 илјади години п.н.е. во
подножјето на Хималаите. Нејзините претставници се потомци на азиските номадски
племиња. Здрава храна за нив би било балансирањето – како продукти од
животинско потекло, така и од растителен карактер.
Претставниците на оваа крвна група се одликуваат со хармоничен и урамнотежен
карактер. Тие се исклучително флексибилни и комуникативни луѓе, поседуваат
креативен ум.
За да се одржат во добра форма за нив се соодветни динамични вежби – аеробик,
тенис, трчање, како и помалку напорните како тај-чи-чуан кој одлично ја развива
еластичноста и пластичноста на движењата.
Режим на исхрана
– При составување на менито за оваа група би било добро да се исклучи пченицата.
Јачменот, пченката и грашакот, исто така ја забавуваат размената на материите и
пречат на ефективното трошење на енергијата.
– Корисни се овесот и оризот.
– Млечните продукти, јајцата и сите зеленчуци (без домати и тиквички) се
соодветни при диеталната програма за симнување на килограмите.
– Изборот на месни продукти треба да се прави многу внимателно. Со црвеното
(темно) месо не треба да се претерува: тоа може да предизвика синдром на
хроничен замор и да го ослаби имунолошкиот систем. Наместо говедско би требало
да се претпочита овчо, јагнешко, зајачко, јарешко или еленско. Пилешкото месо
не е корисно. Неговите лектини ги менуваат еритроцитите во крвта кое пак
доведува до инфаркт и опаѓање на имунитетот.
– Корисни се сите плодови освен калинки и урми.
КРВНА ГРУПА АБ
Тоа е најмладата крвна група. Се појавила само пред околу илјада
години. При древните археолошки ископини не се пронајдени остатоци од луѓе со
таква крв. Но има уште една загатка: анализата на крвта земена од Торинското
платно (во неа наводно било завиткано телото на Христос) е токму од оваа крвна
група. Светската статистика денес покажува дека духовните водачи и исцелители
се носители токму на крвната група АБ.
Крвта од оваа група е многу ретка и се среќава кај помалку од 5 проценти од
населението на Земјата.
Спојувањето на спротивните антигени од А и Б на носителите на оваа
група им ги дава како силните, така и слабите особини. Таквите луѓе имаат
посилен имунитет, организмот им е поиздржлив на алергии, побрзо се справуваат
со воспалителните процеси. Но во исто време тие се понезсаштитени кон некои
лоши образувања, зашто нивните антитела можат да ги “примат за свои” и
антигените од типот А и од типот Б.
Луѓето од крвната група АБ се активни, силни и подвижни. За нив особено се корисни долгите прошетки, возење велосипед и пливање.
Режим на исхрана
– Месото се усвојува лошо од организмот поради ниската киселост на стомачниот
сок. Месото е и главниот виновник за вишокот килограми.
– Размената на материите се забавува од некои зрнести производи – грашак,
пченица и пченка. Добро е тие да се заменат со ориз, ‘рж и овес.
– За намалување на телесната тежина најсоодветни се зеленчуците и продуктите од
соја.
– Не се корисни говедското и пилешкото месо за разлика од овчото и јагнешкото и
мисиркиното. Соодветни се рибите и морските производи. Морската риба калкан
треба да се избегнува бидејќи содржи непријателски лектини за оваа крвна група.
– Свежите зеленчуци се многу корисни (сите освен пиперот) исто како и овошјето
(без портокали и банани). За подобрување на варењето на храната многу се добри
лимоните. Исклучително соодветни се грејпфрутот и кивито – кои се богати со
витамин Ц.
Подетално што ве
очекува во животот, што ви е пишшано, можете да се обратете во редакцијата каде
се иработуваат детални хороскопи. Повеќе во редакцијата на ХОРОСКОП
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2. 000 денари