Бугарија се разголи! Бугарија: Прашање е на денот кога Македонија ќе побара дел од територијата на Бугарија… Стравот од македонскиот јазик е страв од губење на пиринскиот дел од Македонија…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Бугарија е во паника, по повелбата на МАНУ за македонскиот јазик. Свесни се дека по не добивањето на препораката за почеток на преговори за влез во ЕУ, се им падна во вода. Договорот за добрососетво со Бугарија е обична таолетна хартија, кој ќе биде поништен, како и нивниот моментален обид да ја „фризираат“ историјата.
Само за потсетување македонскиот јазик е внесен во Обедените Нации во јазици како светски, а во СФРЈ беше еден од трите службени јазици.
Но, најголем страв е од губење на територијата, бидејќи македонците во пиринскиот дел се разбудени, подолго време „ОМО Илинден“ Бугарија одбива да ги регистрира. Постојано добиваат критика од Европската Унија за непочитување на малцинствата и нивните права.
Повеќе за вистинскот настојување и нападот на македонскиот јазик, да се поистовети со бугаркиот е повеќе од трагикомичен. Бугарскиот јазик може да се нарече слободно македонски дијалект. Не си го знаат потеклото, корењата уште си ги истражуваат. Во ханот Аспарухов го барат темелот на нивните корени.
Повеќе за стравот од губење на територијата, поточно губење на пиринска дел од Македонија пишува порталот:
Бугарското раководство мора да заземе јасен став за обидот на Северна Македонија да постигне признавање на македонски јазик, рече Румен Петков, претседател на партијата „Алтернативна бугарска преродба“.
„Ние инсистираме на институционален став за ова прашање. Нема белгиски или австралиски јазик ниту во Обединетите нации, ниту во Европската унија, што овие земји и жители обично го доживуваат. Неопходно е да се разјасни прашањето за заедничката историја, додека сè друго е непринципиелен пристап на Бојко Борисов кон Брисел “, рече Петков.
Според него, на тој начин, Скопје наскоро може да започне да поставува територијални побарувања.
„Територијалните претензии се само прашање на денот“, рече политичарот.
На почетокот на декември, Македонската академија на науките и уметностите ја усвои Повелбата за македонски јазик, во која се опишува јазикот како независен литературен јазик, официјално изговорен во земјата. Ова предизвика остри критики од Бугарската академија на науките (БАН).
ВМРО-Бугарската партија за национално движење (на влавот Каракачанов од Русе), која ги критикува барањата на Скопје за јазик и споделена историја, исто така, зборуваше во прилог на усвојувањето на повелбата.
„Македонскиот и бугарскиот јазик се два збора што значат иста работа. Затоа ги повикуваме нашите браќа преку границата да не претеруваат “, се вели во изјавата на партијата минатата недела.
Г-дине Красимир Карачанов, ако Вие како влав се чувствувате бугарин, јас како македонец немам ништо со Бугарија, ниту со ханот Аспарухов.