БЕНКИТЕ ЈА ОТКРИВААТ ИДНИНАТА
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Бенките по средината на градите навестуваат материјално обезбеден живот, макар и без големо богатство.
Бенките на десната града означуваат склоност кон чести успони и падови.
Бенките на левата града означуваат дека нејзината стопанка има бурен темперамент, а честата промена на машките партнери означува склоност кон неразумни врски.
Бенките на левото рамо означуваат финансиски тешкотии.
Бенките на дланките или на десното рамо ветуваат успех во животот.
Бенка на вратот оддава човек којшто е принуден да се мачи на млади години за да биде материјално обезбеден во зрела возраст. Можно е да добие богатство од наследство.
Бенка во областа на грлото покажува дека тој човек како карактерни особини поседува: честољубие, упорност, истрајност да се постигне она што го наумил(а). Таквите луѓе обично склучуваат брак од сметка.
Бенка на горната или на долната вилица покажува дека нејзиниот сопственик страда од некаква болест.
Бенка на носот покажува дека нејзиниот сопственик има голема иднина, го очекуваат големи патувања. Таквите луѓе имаат силен сексуален магнетизам.
Бенка околу устата припаѓа на човек со добродушен карактер, но понекогаш ваквата бенка е белег на излишна чувствителност.
Бенка на левиот образ сведочи дека нејзиниот сопственик постојано мора да поминува низ тешкотии, оти цело време се наоѓа во борба.
Бенка на десниот образ значи дека тој човек ќе биде среќен во бракот, и дека ќе му врви во животот.
Бенка на увото често имаат луѓето што не размислуваат многу, туку се залетуваат.
Бенка околу левата веѓа предупредува дека е можен несреќен брак. Таквите луѓе повеќе се раководат од своите чувства отколку од разумот, па дури отпосле ја согледуваат погрешноста на својот избор. Меѓутоа поседуваат непокорлив дух, па го кинат брачниот јазол.
Бенка околу десната веѓа покажува голема приврзаност, љубов којашто не ослабува дури ни по многу години.
Бенка од надворешната страна на окото пред вас е урамнотежен човек, којшто не троши пари напразно; напротив, којшто умее да работи со нив, а се облекува скромно.
Бенка од левата страна на челото се среќава кај човек со слаба волја, којшто лесно потпаѓа под туѓо влијание, склон кон екстравагантни постапки.
Бенка од десната страна на челото му припаѓа на човек со силен ум и проникливост. Тој постојано се стреми да ги продлабочи своите знаења, и грижлив е во с# што прави.
Споделете