Макрон стана поглавица! Макрон е во недумица, како да ја пролжи кариерата како претседател на Франција или поглавица на Обалата на Слоновата Коска…..

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Кога го видов текстот на порталот

https://rs.sputniknews.com/svet/201912211121387910-ndzekuale-makron-proglasen-poglavicom/

не можев да не се насмејам.

            Претседателот на Франција од градоналник во Обалата на Слоновата Коска доби титула традиционален поглавица. Која со задоволство ја прими, при тоа му беше доделена и соодветна облека на поглавицата Нџекуале, поглавичното име на претседателот на Франција Емануел Макрон.

            Еве го во целост текстот на порталот:

Денес, за време на официјалната посета на Брегот на Слоновата Коска и на неговиот 42 роденден, на францускиот претседател Емануел Макрон му беше доделена титулата традиционален поглвица. Го доби и името Нџекуале.

Според француските медиуми, Макрон бил почестен со титулата во Абиџан од градоначалникот на Брегот на Слоновата Коска, Робер Бегре Мамбре.

„Името што ми побараа да ги дадам традиционалните и верските водачи е„Нџекууале“, односно оној кој носи мир и спокојство, оној кој е во потрага по мир, кој работи за мир со своите дела“, рече Мамбре.

Тој истакна дека Макрон сега е „традиционален поглавица во согласност со најоригиналната традиција“ на Брегот на Слоновата Коска.

Францускиот претседател ја доби и традиционалната облека на поглавицата, според француските медиуми, јави Танјуг.

Интересно е што ниту еденпретседател на САД досега не доби титула на поглавица. Можеби тоа ќе му успее на претседателот на САД Доналд Трамп ако го преживее импечментот и го  освои вториот претседателски мандат.

Претседателот на Руската Федрација Владимир Путин, може само да му завиди  на претседателот на Макрон на титулата традиционален поглаввица.

Можеби поглема завист кај претседателот на Русија Владимир Путин ќе се појави, ако и претседателот на САД Доналд Трамп добие титула индијански поглавица.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20