Вучиќ и се е можно (видео)! Вучиќ на скопско пиво им ја „украде“ рекламата.. Вучиќ ја започна изборната кампања како Дедо Мраз…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Скопска пивара има мжност да добие надокнада за злоупотреба на нивната реклама „Скопско и се е можно“. Навистина верзијата е преработена, но во основа е иста, само што сега може слоганот да гласи „Вучиќ и се е можно“!
Не ми се веруваше на кој степен спаднал претседателот на Србија Александар Вучиќ. Не знаев дали да се смејам или со која рака да се крстам.
Претседател на држава да учествува во партијска кампања како „Дедо Мраз“ кој исполнува желби, просто да не поверуваш.
Спотот е повеќе од трагикомичен!
Млади луѓе седат и чекаат нова година, при тоа во моубетот ги фалат „чудата“ на политички остварување на Српската Напредна Странка на која е претседате претседателот на државата Александар Вучиќ, која направила „чуда“ за време на своето владееење.
Во фалењето еден од младите луѓе посакува претседателот Александар Вучиќ да им донесе чај.
„Дедо Мраз“, претседателот на Србија Александар Вучиќ се појавува и им носи чај.
Кога ќе се погледне добро спотот, се поставува прашањето дали претседателот на Србија по претседателската функија кариерата ќе ја преносчи во угостителството, како келнер.
Мора да признам, со страв го постирам спотот, оваа година и кај нас ќе се одржат парламетарни избори.
Не е исклучено Мицковски или Заев да ја украдат идејата.
Се мислам, да си посакам струмичка мастика за нова година. Но, се прашувам кој прв ќе ми ја донесе? Премиерот Зоран Заев или лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски – двајцата имат струмичко потекло.
Премиерот Зоран Заев тука може да го издрибла Христијан Мицковски!
Со мастиката може да донесе и некоја тегла ајвар, краставички за мезе, од домашно производство…