Ситуацијата на Блискиот Исток ескалира! Дали започна воен конфликт помеѓу САД и Иран? Ракетирана амбасадата на САД во Багдад, во исто време се слушнале и две екплозии во Иран, кои не се уште потврдени….

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Моите анализи се покажаа точни. Иран полека заканата за освета ја спроведува во дело, осветата за убиениот генењрал Касем Сулејмани може да се претвори во голем конфликт, конфликт од глобални размери.

            Медиумите јавуваат  за ракетен напад на амбасадата на САД во Ирак, поточно во Багдад, по која веднаш се појавиле американски хиликоптери.

            Од непотврдени извори некои медиуми јавуваат дека во исто време во Иран се слушнале две експлозии.

            Повеќе за ракетниот напад на амбасадата во Ирак пишува порталот:

Извештаи за ракетен напад врз американската амбасада во Багдад се појавија откако Иран вети силна одмазда за убиството на високиот воен претставник генерал Касем Сулејмани.

Ракетен фрлач од типут „Качуша“ падна во зелената зона на американската амбасада во главниот град на Ирак, Багдад, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на локалната полиција. Според безбедносни извори, нема дополнителни информации за можните жртви.

Претходно, дописникот на БиБиСи, Нафишех Коханард, на својот профил на Твитер објави дека е извршен ракетен напад на амбасадата на САД во Багдад.

„Скај њуз Арабија“ наведува дека ракетата експлодирала на зелената површина и го блокирала патот што води кон влезот во амбасадата.

Во меѓувреме, Ројтерс објави дека се слушнале две експлозии во ирачката престолнина, но не е јасно што ги предизвикало.

Американски воени хеликоптери беа видени на небото над Багдад, непосредно по звукот на експлозијата.

За жал, ово е почеток на ескалацијата, не е исклучено да се префрли и во САД, со терористички напади…

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20