„ТВ 21“ во прилогот (видео ) кој го сними во разговор со мене, лошо е изваден дел од изјавата. Прилогот беше што не очекува во 2020 како и политичката ситуација во светот и кај нас…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Пред нова година дојдоа од „Тв 21“ со цел да снимаат прилог што ги очекува хороскопските знаци, како и политичката ситуација во светот и кај нас.
Од целиот прилог, од контекст се извадени неколку реченици, а снимено е над 20 минути.
Лошо е нецелосно е извадена речината во натална карта ќе биде во прво поле, без да кажат за која планета спомнав, а се работеше за Сонцето. Јасно укажав дека Марс е во единаесетта куќа а тоа се политички зсдруженија.
Ми ветија дека ќе ми го пуштат линкот од целиот прилог, но досега не го довив.
Еве што е само извадено како дел, или контекст од мојата изјава, а го пренесува порталот:
Порталот излезе со наслов.
„Нема избори, ќе има нова политичка криза – Што велат астролозите за 2020?“
Нема парламентарни избори во април 2020 година, а не очекува продлабочена политичка криза,најавува политичкиот астролог Илија Бошков познат како Крајнички. Тој вели дека граѓаните треба да бидат претпазливи да не подлегнуваат на провокации.
„Во наталната карта во Македонија ќе биде во прво поле значи треба да се внимава да не се предизвикуваат конфликти не само енички но и меѓупартиски. Не е исклучиво некој да се обиде да направи и граѓанска војна. Македонија и Србија, сите во Балканот се наоѓат во судир на две големи сили а тоа се Америка и Русија“, вели Илија Бошков, астролог.
Од политичарите кај него биле Доста Димовска и Љупчо Ѓоргиевски, а многу политичари праќале емисари. Самите не се одлучиле да отидат кај него.
„Покојниот Љубиша Ѓоргиевски 94 година беше тогаш претседателски кандидат и прати кола по мене. И тогаш ми рече да му гледам хороскоп. Дали ќе остане премиер Заев? Прашање е дали ќе има избори. Јас би го советувал што побрзо да излезе од политиката и да обрне внимание на безбедноста“, вели Бошков.
„Дали Груевски ќе се врати од Будимпешта. Еден политичар кој ќе замине од политиката никогаш нема да се врати. Од Будимпешта не знам дали ќе се врати но неговата политичка кариера е завршена“, додава астрологот.
Инаку секоја нова година претставува нов животен циклус. Според кинеската астрологија, во 2020-та година ќе владее Стаорецот, знакот којшто е симбол на трудољубивоста, амбициозноста и брзината. Астролозите истакнуваат дека новата година ќе донесе долгоочекувани и убави промени во животот на сите хороскопски знаци.
Натална карта на Република Македонија на денот на изборите
Јасно во прилогот што го снимав кажав може да нема избори на 12 април, постои можност да се дестабилизира Балканот до тогаш, особено во Србија и македонија…