Иран му се заканува на САД: „Ако сами не не го напуштете регионот, ние ќе ве примораме тоа да го направете“…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Непромислениот потег на претседателот на САД Доналд Трамп, да нареди да се убие генералот на Иран Касем Сулејмани, муслиманскиот свет го сврти против САД.
На Блискиот Исток само пријателски ги гледа Изрерал.на кого можат само да сметаат.
Иран отворено им се закани на САД, сами да го напуштат Блискиот Исток или Иран ќе ги натера на тоа.
Ово зборува дека наскоро може да се очекува воен конфликт помеѓу САД и Иран.
Повеќа за новата закана на Иран пишува порталот:
Порталот излезе со наслов:
„Иран подготвува 13 сценарија за одмазда на Американците за убиството на Сулејмани“
Еве го текстот во целост:
Секретарот на Високиот совет за безбедност на Иран Али Шамхани изјави дека Техеран има 13 сценарија за одмазда на Америка за атентатот врз генералот Касем Сулејмани, пренесува „Фарс“.
„До денес, Советот за безбедност претстави 13 опции за одмазда (за убиство на Сулејмани)“, рече Шахмани, додавајќи дека дури и „најлошото би можело да биде историски кошмар за Соединетите држави“.
Според него, „Американците знаат дека се ранливи на Иран“.
„Ако американските сили не го напуштат самиот регион, ние ќе ги присилиме да го сторат тоа“, рече секретарот на иранскиот совет за безбедност.
Не треба да се заборави дека заеднички вежби на морнарицата имаа Иран заедно со Русија и Кина. Што зборува дека Русија и Кина стојат зад Иран