Дали започна војна помеѓу САД и Иран (видео). Иран ја ракетираше воената база на САД во Ирак.. Непромислениот потег на Трамп, САД ја донесе пред војна…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Моите анализи се остварија. Јасно кажав, дека по непромислениот потег на претседателот на САД Доналд Трамп, со убиството на гбенералот Касем Сулејмани скапо ќе ги чини САД.
Укажав дека со тој потег го сврти муслиманскиот свет против САД.
Укажав дека не се исклучени теростички напади во САД и некои зезападни земји.
САД со конвецинално оружје не може да го покори Иран. Над милион и повеќе војници би му требало за да се обиде да го покори Иран.
Во таква мисија може само Велика Британија,Канада, Изреал и евентуално Австралија е ги следат САД.
Воздушните напади нема много да помогнат, Иран има добра против воздушна одбрана.
Ако употреби нуклеарно оружје САД ќе предизвика третта светска војна, каде мирно нема да гледаат Русија, Кина и Северна Кореја.
Не е исклучено деновиве да има обид за атентат на претседателот на САД Доналд Трамп..
Повеќе за ракетниот напд пишува порталот:
Порталот излезе со наслов:
„Одмаздата на Иран: Жесток ракетен напад врз американската база Ал Асад во Ирак / видео /“
Еве го текстот во целост
Најмалку шест ракети ја погодија воздушната база Ал Асад во западен Ирак, база на американските трупи.
Според некои непотврдени извештаи, сепак, 30 проектили биле фрлени на базата. Инцидентот се случи во време кога Соединетите држави и Иран беа на работ на отворена војна.
Повеќе локации се „нападнати од ирански балистички и крстаречки ракети“, објави Фокс Њуз, повикувајќи се на анонимни претставници на Пентагон. Министерството за одбрана на САД сè уште нема официјална потврда.
Иранската новинска агенција ФАРС известува за лансирање на неколку ракети во знак на одмазда за минатонеделниот напад на беспилотно летало, во кое загина шефот на „Кудс“, генерал Касем Сулејмани, на меѓународниот аеродром во Багдад, при што загинаа неколкумина ирачки шиитски лидери на милицијата.
Анонимни претставници на Пентагон велат дека ракетите потекнувале од иранско тло, што би било прво вакво лансирање од крајот на војната Иран и Ирак во 1988 година.
„Со повлекувањето од Ирак, таа земја ќе се претвори во Иран“, рече неодамна Трамп, а исто така се закани на Иран со силни удари доколку се осмели да ги нападне американските сили.
База Ал Асад се наоѓа во западната ирачка провинција Анбар, а ракетен напад врз неа беше извршени и на почетокот на декември, само една недела по празникот на Денот на благодарноста, кога потпретседателот на САД, Мајк Пенс и неговата сопруга Карен престојуваа воИрак.
Немаше жртви тогаш и потеклото на ракетите никогаш не беше утврдено.
На ред е потегот на САД, дали ќе влетаат во врелиот лонец…