„Ноќеска и удривме шлаканици на Америка, но тоа не е адекватен одговор по оно што го направија“.. Иранскиот верски лидер на Иран Хомнеи се закани на САД!.. Во нападот имало најмалку 80 убиени…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков- Крајнички
Ноќешниот ракетен напад на САД е само почеток на војната со САД. Ово може да се заклучи од говорот на иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи кој кажа „Вечерва и удривме шлаканици на Америка. Тоа не е соодветен одговор по оно што го направи Америка“.
Ако добро се анализира ова изјава, ово е само почеток и предупредување на Иран до САД, да хо напуштат регионот, во спротивно следува пеколна војна.
Повеќе за заканата на иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи пишува порталот:
Порталот изле со наслов:
„Врховниот верски водач во Иран, ајатолахот Али Хамнеи Ирански верски лидер: Вечерва и удривме шлаканици на Америка“
Врховниот верски водач во Иран, ајатолахот Али Хомнеи, верува дека неговата земја успеала да одговори на САД со гранатирање на американските трупи во Ирак.
„Им удривме шлаканици“, рече Хомни, зборувајќи во светиот град Кум.
Хомнеи истакна дека овие акции на Иран биле помалку сериозни од американските операции за време на кои бил убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани.
„Не беше еквивалентно на она што го направија“, рече иранскиот лидер.
Хамнеи додаде дека „корумпираното присуство на САД во регионот треба да заврши“, изјавувајќи дека тоа предизвикало војна, поделба и уништување.
Во говорот, тој ги пофали доблестите на генералот Касим Сулејмани, кој беше убиен во неодамнешниот напад на САД во Ирак, велејќи дека тој е „голем, храбар воин“.
За време на неговиот говор, толпата извикуваше „смрт на Америка“ и „смрт на Израел“.
Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф изјави дека американскиот ракетен напад во Ирак е „легитимна самоодбрана“.
Претходно, иранската телевизија објави дека најмалку 80 лица загинале во иранскиот напад врз американските воени објекти во Ирак.
Треба да се напомене дека Иран е втора држава што се осмели да ја нападне САД.
Прва Сад ја нападна Јапан во втората светска војјна.
По јапансклиот напад во втората светска војна, започна војната помеѓу САД и Јапан…