Работата премногу смррди….. Да ли постои договор помеѓу Трамп и иранскиот претседател за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани и ракетниот напад на Иран? Работата премногу смррди…..

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков Крајнички

Како новинар аналитичар се запрашав, по синоќешното ракетирање на Иран зошто немаше возвратен удар на САД, како да базите на САД во Ирак немаат ракетни систем „Патриот“ за против воздушна одбрана.

Веднаш забележав дека нешто смрди!

Порталот

https://rs.sputniknews.com/svet/202001081121503703-tramp-dugo-smo-tolerisali-iran-ti-dani-su-odbrojani-video/

    кој излезе со наслов „Долго го толериравме Иран, тие денови се одброени“ а во дел од текстот вели:

     Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето пред нацијата рече дека нема жртви во ракетениот напад на Иран врз американските воени бази во Ирак и дека базите претрпеле минимална штета.

„Ниту еден Американец не е повреден во синоќешниот напад на иранскиот режим. Немавме жртви“, рече Трамп. „Нашите големи американски сили се подготвени за сè“, истакна Трамп.

    Во своето обраќање до нацијата, американскиот претседател рече дека самите бази претрпеле минимална штета. Тој истакна дека ова се должи на преземените мерки на претпазливост, „распоредување на силите“ и системите за рано предупредување.

Трамп исто така најави дека Соединетите држави веднаш ќе воведат нови санкции кон Иран сè додека „Иран не го промени однесувањето“. Тој го бранеше убиството на генералот Касем Сулејмани и додаде дека Американците треба да бидат „исклучително благодарни и задоволни“ од исходот.

Предходно, во дневникот N1 во 19 часот а подоцна го постираат на јутуб, не бев изненаден од информацијата дека САД била предупредена од ирачките власти, а нив гипредупредил Иран. Веднаш добив потврда на моето сомневање, дека работата со убиството на иранскиот генерал Каеем Сулејмани и ракетирањето од страна на Иран „нешто смрди“.

Потоа го отворив порталот кој ви го цитирав и ви го дадов неговиот линк, кој индеректно ја разголува провидната игра на Иран и САД.

Касем Сулејмани како генерал на специјалните сили имаше голем углед, кој го засенуваше и угледот на претседателот на Иран.

Во изминатите месеци имаше големи протести во Иран поради намелениот стандард на граѓаните, кој се случуваше поради амириканските санкции.

На иранските власти и требаше мир во куќата, но пречка и беше генералот Касем Сулејмани, како командант на специјалните сили.

На претседателот на САД Доналд Трамп му требаше воена акција во претседателската кампања.

Но, договорот помеѓу Трамп и претседателот на Иран се направи провидно.

Освен што американците биле предупредени и финскиците единици се повлекле од базите што требаше да бидат погодени.

Излезе и видео на јутуб како „наводно“ американски војници се кријат под кревет, за време на ракетирањето на базите.

Во меѓувреме Иран изјави дека испалил 22 ракети и дека сите ја „погодиле целта“

Излезе веднаш и  со бројка за загинати 80, што и мене ме изненади, но не обрнав многу внимание.

Прво, покрај бројката 80 заагинати „американски војници“ не кажаа ниту за еден ранет или повреден.

Кога ќе се добро проанализира изјавата на претседателот Доналд Трамп, дека нимало ниту еден повреден или загинат американски војник, дека базите се минимално оштеттени, „благодарение“ на раното предупредување се доаѓа до заклучок:

Лошо режирана престава, единствениот загинат е генералот на Иран Касем Сулејмани и некои негови соработници од Иран и Ирак.

Загина заедничката опасност за иранските власти и за САД генералот Касем Сулејмани.

Кај нас во село велат:

„Волкот сит и овците на број, само овчарот го нема“!

Овчарот беше генералот Каем Сулејмани, командатот на специјалните сили на Иран.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20