Трамп: Америка ја „штити“ Европа од Русија, тажен сум затоа не ме сакаат во Европа, се помалку и помалку плаќаат во фондот за „заштита“… Треба да биде трпелив, да почека Македонија да “влезе“ во НАТО….

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Се растажив кога гопточитав текстот на порталот:

кој излезе со наслов:

„Трамп: Америка е заштитник на Европа од Русија“

Но, многу тажен текст донесе!

Еве го целосниот текст на порталот:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Америка ја штити Европа од Русија, но исто така е „тажен“ што Европа не го сака.

„НАТО со години е ефикасен благодарение на Америка. Ние ја заштитуваме Европа од Русија. И, бројките за плаќања во одбрана паѓаат од година во година. Затоа отидов таму да им кажам дека тие се должни да платат, дека не се неплатени “, рече Трамп.

Според лидерот на САД, ова е причината зошто европските земји „престанаа да го сакаат“, за разлика од неговиот претходник Барак Обама, кој не ИМ постави ваквите барања.

Трамп ова го кажа на изборен митинг во Охајо, при што медиумите потсетуваат дека американскиот претседател редовно ги обвинува сојузниците на НАТО за недоволно финансирање на одбрамбени фондови и дека бројката треба да достигне вкупно два проценти од БДП на секоја земја-членка .

Инаку, во Америка е во тек изборна кампања, бидејќи следните претседателски избори во земјата ќе се одржат на 3 ноември годинава.

Ова изјава на претседателот на САД е јавно признание дека САД е во воен и економски колапс, најзодолжена земја е на светот.

Но, трреба да биде малку трпелив. По „влезот“ на Македонија во НАТО буџетот на НАТО ќе се пополни.

Ќе им удриме рекет на Киина и Русија, они најмногу имаат пари, нешто ќе остане и за нас.

Иран ќе донира нафта, да ги намали залихите.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20