Дали Путин ја матираше САД без испукан куршум? Трамп одигра по нотите на Изреал.. Трамп со државниот тероризам САД ја остави без сојузници, во Европа и на Блискиот Исток…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Претседателот на Руската Федерација од 2015 година со влегување во Сирија на покана на сиријскиот претседател Асад Ал Башар на САД му го даде првиот шех. Не ја директно нападна кралицата, го нападна топот и ловецот. Топот беше ИСИЛ, а ловците курдите сојузниците на САД во Сирија, кои прогласија автономија.

            Боробата на курдите со АСАД против ИСИЛ беше врз основа на заштита на нивната теритирија, каде се мнозинство, Исил и таму да не прогласи исламски калифат. Прогласија со помош на САД автономија во Сирија, со цел подоцна би се споила со курдите во Турција и  Ирак, во Иран се најмалку.

            Давајќи му шех на „американскиот топ“ Исил (јавно е познато дека Исил САД, Катар и делумно Турција ги создадоа) индеектно беше нападнат и ловецот, да се заштити самиот да не го брани топт (Исил).

            Од овие прични против курдите Асад во почетокот не дејствуваше, бидејќи се бореа на иста страна против ИСИЛ, поточно детето на САД.

            Подоцна по совет на Путин, како и негов договор со Ердоган курдите САД мораше да ги жртвува. Ако не ги жртвуваше курдите „сојузниците“ постоеше опасност Турција да ја изгуби како сојузник.

            Со воведување санкции на Русија претседателот на САД ги загрози водечките европски економии, кои беа извозно орентитрани кон русија, каде изгубија над 300 милијарсди долари.

            По пат на многу водечки европски земји им ги зголеми  царините на нивнаиот извоз во САД. На Германија на автомибилите, на Шпанија и Франција на виното…

            Што најтрагикоично, кога ја изгуби војната со Русија кој Европа да ја снадбева со гас кажа:

            „Со Русија мора да развиеме трговски односи“!

            За цело време Ирзеал, поточно премиерот Нетењаху, несвесно работеше за Русија, поточно играше по нотите на претседателот на Русија Владимир Путин.

            Иран е значаен економски како и воен партнер на Русија, за да ја превземе лидерската улога на Блискиот Исток.

            Но, исто така Иран е значаен еконмски патнер на Киина,бидејќи е слаба со ресурси, нафта најмногу по поволни цени увезува од Иран.

            Од овие причини не беа случајни и заедничките воени вежби на морнариците на Русија, Кина и Иран.

            Заедничките воени вежби на Русија, Кина и Иран беа да се покаже кој е сега газда во Азија, како и на Блискиот Исток, дека САД полека треба да си ги пакува коферите.

            По наговор на Помпео и премиерот на Изреал Бењамин Нетањаху претседателот на САД Доналд Трамп одлучи да изврши атентат на генералот на иранските специјални сили Касем Сулејмани.

            Тоа го разгневи муслиманскиот  и арапскиот свет, во ист момент се обединја и го свртеа грбот на САД.

            Единствен сојузник на САД на Блискиот Исток остана Изреал и до некаде Саудијска Арабија. Во Европа Албанија, поради изјавата на Техеран (Иран) дека Албанија е демонска земја (шејтанска).

            Зошто велам до некаде САудијска Арабија?

            Веднаш по ракетирањето на свете американски бази од страна на Иран, принцовите на Саудијска Арабија ја напуштија САудијска Арабија и заминаа за Европа, плашејќи се од одмаздата на Иран.

            Ираччкиот парламент донесе идлука сите странски војници да го напуштат Ирак. Многу сојузнички војски, членки на НАТО, како што е Хрватска почнаа да го напуштаат Ирак, со што САД на крајот ќе мора сам да замине.

            Во Сирија, сиријска армија почна директно да се спротиставува на американската, со што вчера конвој на амеиканската армија мораше да се врати назад, од кај што тргнал.

            Пред нас е изборна година во многу држави па и во САД. Претседателските избори во САД на претседателот на САД Доналд Трамп ќе му ги врзаа рацете било што да превземе, најмалку војна.

            Како што лажав по наговор на Помпео и премериот Брњамин Нетањаху САД изврши државен атентат на генералот на иранските специјални сили Касем Сулејмани, со што направи светски преседан.

            Досега ниту една држава не извршила терористичти акт или атентат врз некоја  јавна државна личност. Тоа го прават тајните служби преку нивни луѓе.

            Сето ово, во изборната година што започна ќе им помогне на Русија и Кина да ги зацврстат лидерските улоги на светската сцена.

            Русија ќе ја зајакне лидерска улога како најмоќна воен сила главен извозник на гас,  а Кина како економска сила.

            Лидерот на Северна Кореја Ким Јон Ун ќе ја зајакне нуклеарната моќ со интереконтиментални ракети, со потсвесна желба на САД да и врати милоо за драго, за бомбардирањеето во Корејската војна 1950-1953.

            Неговата желба ќе зависи од „примерното однесување“ на САД, како и дали Русија и Кина ќе му дадат зелено светло…..

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20