Како Путин им го „забибери“ на Западот, не знаат кога ќе се случи 2024 година… Кошмарниот сон „Путин“ кој започна 1999 година, во сон ќе ги однесе во историјата…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Намерно вчера не го завршив текстот или мојата анализа: „Филомот „Јелцин“ во Русија се репрезира! Превентивна одлука на Путин: Медведев го разреши од премиерската сужба, го назначи за свој заменик во службата за национална безбедност, за потпретседател на Руската Федерација“.
Самата информација дека претседателот на Руската Федерација го разрешува премиерот Димитриј Медведев и предлага уставни измени на светска политичка сцена како да падна руска нуклеарка.
Светските „анилитичари“ не видоа дека тоа е обична димна бомба, поради која и во ве-це мораат да со раце да ги бараат издувните и мочните органи.
Британските „аналитичари кои се навикнати на постојана магла во Лондон, не можеа да се снајдат во димната бомба на Путин – предозирана беше, како повеќе ракетен фррлач.
Денес се изначитав и наслушав глупости на интрнет, по разни медиуми и сајтови.
Но, најсмешни ми беа британските аналитичари.
Зошто Најсмешни ми беа британските аналитичари?
Британските аналитичари кои нестрпливо ја очекуваат 2024 година!
Многу од нив излегоа со анализи дека претседателот на Руската Федерација мора да замине од политичката сцена 2024 година, дека уставот не му дозволува трет мандат, дека предложените измени во уставот не се однесуваат на нов мандат.
Трагикомични беа кога не ја разбраа замената на Димитрриј Медведев, кој во моментот нема званична државна слижба, но ќе биде заменик на престедателот на советот на национална безбедност, се поставува индеректно за потпреседател на Руската Федерација.
Од оваквите светски аналитичари, особено Западнине не сакав во синоќешниот текст да ја завршам мојата анализа, ги насочив на друга воденица, спомнувајќи ги годините на претседателот на Руската Федрација Владимир Путин и премиерот во оставка Димитриј Медведев.
Забележав дека никој од нив не гледа подалеку од носот, дека ово е шах мат на Западот но и на руските непослушни олигарси, како и западните агенти до државната служба во Руската федерација.
Зошто велам шах мат за западните агенти уфрлени во руската влада, па и меѓу министрите, како и за непуслушните илигарси.
На местото на Димитриј Медведев именуван е, вчераи изгласан новиот премиер Михаил Мишустин, кој беше на чело на државниот даночен систем од 2010 година. Притоа го реформира даночниот систем, кој стана еден од најдобрите даночни системи во светот.
Во исто време виде како кој олигарх работи, кој плаќа, кој е непослушен.
Се работи за поранешен хокеар, значи за снажна и храбра личност, која нема страв да се справи со новата задача, чистење на рускиот двор.
Ова зборува дека новиот премиер на Русија Михаил Мишустин дека претседател на Русија Владимир Путин уште од 2010 го подготвувал за премиер, кога Русија воено ќе зајакне, да може да ги стегне големите заатајувачи на данок, а со тоа да има повеќе пари во касата, за подобар стандард и социјален живот на обичниот русин.
Меѓу досегашните министри и депутаи имаше некои кои имат имот во странство или живееле извесен период во странство.
Со новите измени на Уставот, никој не ќе може да има државна функција, да биде депутат (парламентарец) како и државен службеник, ако најмалку во последните 25 години не живеел во Русија.
Меѓу многуте досегашни фисоки државни и републички функционери, па и министри, беа врбовани од Западот. Истите од руската раузнувачка служба беа евидинтирани. Ова зборува дека повторно нема да се најдат во владата што ќе ја формира новиот премиер Михаил Мипустин.
Да се вратам на главниот страв и прераното радување на доаѓањето на 2024 година..
Владимир Владимирович Путин во 2024 година нема да замине од Руската политичка сцена!
Во еден мадат ќе биде потпреседател на Руската Федерација или „заменик“ на претседателот на националата федереална безбедност, поточно ќе биде потпретседател на Руската Федерација.
Господо аналитичари, не требало да бегате од часовите по историја, историјата е мајка на животот, се повторува.
Имавте слично сценарио кога Димтриј МедведеВ беше само еден мадат претседател на Русија, потоа се врати на неговата премиерска функција….
Време е да погледнете кои мозочни клетки не ви функционират, да се обидете да ги рабудете, ако не почнале да се сушат.