Како Путин елегантно ги брка САД од Либија, со помош на Турција…. Хафтар не го потпиша договорот за примкирје  поради стравот од слободни иизбори во Либија, на кои може да победи синот на Гадафи…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Малку се поднасмејав кога го прочитав текстот на порталот:

не се под насмејав на текстот, само на насловот на текстот, кој за изјавата на претседателот на Турција Таијп Реџеп Ердоган вели во насловот:

„Тој влегува во земјата со војска и вели: Хафтар да се откаже од агресивното однесување“

Еве го текстот на порталот во целост. По него следува мојата анализа, да му објаснам на колегата новинар, што го пишувал текстот, особено насловот, каде тргнал во погрешна насока, а добил одлична информација, која ги открива сите карти за граѓанска војна во Либија.

Како што реков, еве го прво текстот во целот:

Командантот на либиската национална армија Калифа Хафтар мора да се откаже од агресивното однесување за да го отвори патот за политички процес во Либија.

Ова го соопшти денеска во Берлин турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Хафтар не го потпиша договорот и ни покажува дека тој сака мировен процес, туку воено решение на конфликтот“, рече Ердоган на почетокот на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.

За да се обезбеди мир и стабилност во Либија, неопходно е да се најдат начини да се обезбеди прекин на огнот и политичко решение на конфликтот на конференцијата во Берлин, рече Ердоган.

Путин претходно изјави дека се надева оти дијалогот за Либија ќе продолжи и дека конфликтот во таа земја ќе биде решен.

„Ние не губиме надеж дека дијалогот ќе продолжи и ние не штедиме напори за решавање на овој конфликт“, рече Путин на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на маргините на состанокот во Берлин.

Русија и Турција презедоа добар чекор во повик за прекин на огнот во Либија, создавајќи предуслови за одржување конференција во Берлин, рече Путин.

Берлин денес собират клучни фактори во долготрајната граѓанска војна во Либија, во обид да го спречи странското воено мешање, да го консолидира примирјето и да помогне во започнувањето на нов политички процес за иднината на таа северноафриканска држава.

Канцеларката Ангела Меркел ги покани лидерите на 12 земји, како и Обединетите нации, Европската унија, Африканската унија и Арапската лига, на самит во германската престолнина.

Месечните дипломатски напори на Германија да ги засили напорите за запирање на борбите во Либија е дел од иницијативата на генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш и неговиот пратеник во Либија, Гасан Салама.

Либија е поделена на ривалски администрации, секоја со поддршка од различни држави.

Силите на Хафтер, кои беа под опсада на Трполи од април, ги поддржуваат Египет, Русија и Обединетите Арапски Емирати, додека владата на Триполи се сврте кон Турција.

Прекинот на огнот на кој двете страни беа повикани претходно овој месец од страна на Москва и Анкара е прва пауза во борбите последниве месеци.

Либискиот претставник на ООН, Гасан Саламе, рече дека земјата треба да престане со странско мешање, но исто така изрази загриженост дека нема да се постигне договор во Берлин за да се стави крај на конфликтот.

(Танјуг)

            Како што реков текстот донесе одлична информација, но со трагикомичен наслов, без предходно да ја анализира информација, причините кои доведоа до граѓанска војна во Либија.

            Но, најважно не ја пронајде клучната точка, поточно велемајсторскиот потег или режија на претседателот на Русија Владимир Путин.

            Насловот и текстот го сврте во погрешен правец кон Турција, поточно кон претседателот на Турција Таијп Реџеп Ердоган.

            Пред влегувањето на турската војска во Либија имаше премногу трагокомишни, смешни анализи дека ќе дојде до судир помеѓу руските и урските трупи во Либија бидејќи поддржуваат две различити страни.

            Ниту еден од тие „аналитичари“ не забележаа една работа. Турција, без разлика што е уште дел од НАТО пактот станува стратешки па и воен парттнер со Русија.

            Како појдовна точка не го земаа фактот дека во Сирија заедно на границата патролираат руски и турски војници, значи не сиријски и турски. Тоа зборува за воена соработка меѓу Тирција и Русија, а тоа се покажа и со купување на ракетниот систем С-400, поради кој Турција дојде во вербален конфликт со САД, која им се закануваше со санкции.

            Во самиот текст се кажува дека маршалот Калиф Хафтар имал поддршка од Русија, Египат и Арапските емирати.

            Проамириканската влада во Триполи побарала и добила поддршка од Турција, сметајќи ја како члнка на НАТО, сојузник на САД кој ги постави. Но, истовремено им беше позната за воената соработка помеѓу Русија и Турција.

            Од тие причини веднаш по влегувањето на турските трупи се повлече приватната руска војна единица Вагнер, составена од руски ветерани.

            Се прашувате зошто САД не го повикаа, туку Турција?

 Турција ја повикаа за да полека се ослободат од влијанието на САД и во земјата се одржат слободни избори, со кој би се ослободиле од влијанието и окупацијата на САД.

            Зошто маршалот Калиф Хафтар не сака да потпише мировен договор?

            Како што е познато Калиф Хафтар во почетокот на граѓанската војна ја имаше поддршка од САД да ја започне, бидејќи синот на Гадафи се појави на политичката сцена, а актуалната влада, наметната од САД не реагираше.

            САД за да го продолжаат владеењето или окупацијата во Либија решија со помош на Генералот Калиф Хафтар да започнат граѓанска војна за рушење „на непослушната влада“ која тие ја поставија.

            По ова провидна игра на САД, настапува претседателот на Русија Владимир Путин, во ракавици да ги избрка САД од Либија.

            Како што се вели во текстот маршалот Калиф Хафтар имал поддршка од Русија, Египет и Арапските Емирати, (но и тајна поддршка од САД), што авторот не ја забележува, бидејќи за цело време на војната САД не дава никакви изјави поврзани со Либија.

            Русија, и нејзиното влијание во Египет и Арапските Емирати му помогат на маршалот Ксаилф Хафтар, да го спроведе тајниот договор со САД, до одредена точка, а тоа е предградието на Триполи.

            Како што се спомнува во текстот дека опсадата на Триполи започнала во април, до сега е неуспешна. Не е логично да биде неуспешна, ако од април не заостана делумната поддршка од Русија, Египет и Арапските Емирати.

            Руските трупи ако влезеа во Либија ќе беше контрапродуктивно, друг е случајот во Сирија.

            Од тие причини, преседателот на Русија Владимир Путин прво ги седнува властите на Триполи заедно со претседателот на Турција Таијп Реџеп Ердоган, дека за да се ослободат од окупацијата и влијанието на САД мора да се распишат слободни избори, а Либија да биде рцелосно зачувана, во моментот е поделана на две страни, каде едната ја контролира владата во Триполи, другата маршалот Калиф Хафтар.

            По овој нивиен состанок се насмејав, кога ја прочитав изјавата на претседателот на Турција Таијп Реџеп Ердоган:

            „Ако не покане владата во Триполи ќе влеземе воено да помогнеме.“

            „Нормално“ владата во Триполи ги покани, со тоа го  приземјиа резрвниот човек на САД маршалот Калиф Хафтар.

            Маршалот Калиф  Кафтар свесен е дека на слободни избори тешко би можел да ја освои власта, бидејќи убиваше свои сонародници во борба за власт.

            Моите анализи зборуват дека на слободни избори повтрно би се вратил „Гадафи“, не мослам на негово воскреснување, туку на неговиот син, а САД би би била избркана од Либија.

            По состанок кој се одржува во Германија, осатанок на 12 држави, каде пристиствуваат и преставник на Обединетите Нации, нормало како и Владимир Путин и Таијп Реџеп Ердоган, се прекина сценариот на САД и маршалот Калиф Хафтар.

            Во ваква ситуација, САД не би можела и смеела да му даде воена поддршка на Калиф Хафтар, а сам е немоќен воено да ја превземе власта.

            Ако се сумира анализата, состонок во Берлин е уште седн велемајсторски потег на Владимир Путрин, бидејќи не е во Москава, а Германија се поблиска соработката има со Русија, отколку помеѓу Геманија и САД, поради зголемувањето на царини за извоз на германски возила во САД, какои и блокадата од САД што ја наметнува за изградбата на гасоводот „Северен тек 2“. Гасоводот на Германија и Европа и е неопходен.

            Гасоводот „Северен тек -2“ е заеднички проект на Германија и Русија, поточно договор помеѓу Ангела Меркел и Владимир Путин.

            Гасоводот на Германија и е потребен бидејќи термоелктраните и нуклеарните сакаат место на јаглен и уранијум да ги префрлат на гас, каде производството е многу поефтино.

            САД санкциите кон гасоводот „Северен тек -2“ ги започна, свесни дека ќе ја изгубат гасната војна во Европа, Европа ќе ја изгубат како тржиште.

            Од тие причини се направи и „мајдан“ во Укарина, као и граѓанска војна во Сирија, за да го донесат катарскиот гас во Европа.            

На крајот, анализрајќи го претседателот на Русија Владимир Путин, забележав дека има слаби колена, не знае да клечи, но дозволува да му клекнат на колена..

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20