Се ближи крајот на нуклеарното оружје на САД во Турција! Дали Турција се подготвува за излегување од НАТО?  Од САД бара да ги повлечат од Турција нуклерките…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Очигледно е вртењето на грб на Турција кон НАТО. Бараат од САД да ги повлечат нуклераките кои ги имаат во воздушната база „Инџирлик“, која се наоѓа 400 километри одалечена од границата со Сирија.

            Во САД се разгледува повлекување на нуклеарното оружје од Турција, но и прекиин на воената соработка со Турција.

            Во превод, ова би значело дека Турвија се подготвува да излезе од НАТО.

            Порталот

излезе со наслов:

„Крај на нуклераките во Турција“

            Еве го текстот во целост на порталот:

Соработката меѓу САД и Турција ќе заврши откако американските воени бази распоредени во Турција ќе го повлечат нуклеарното оружје.

Врвот на американско раководство разговара за повлекување на нуклеарното оружје од американската воздушна база, кое се наоѓа на територијата на Турција.

Во исто време оваа информација ја објавија неколку американски медиуми.

Денес во Турција има околу 400 американски нуклеарни бомби, а се наоѓаат на 400 км од границата со Сирија.

Ако се спроведе планот за повлекување на нуклеарното оружје, ќе дојде до завршување на воената соработката меѓу Соединетите држави и Турција за одбрана.

Во почетокот на септември 2019 година, претседателот на Турција јавно кажа дека државата, која има нуклеарно оружје, не може да ја спречи Турција да има свои нуклеарни ракети.

Како одговор, американскиот претседател го извести Ердоган дека Америка и нејзините сојузници веројатно ќе прекинат да соработуваат со Турција.

Откако турскиот претседател на 5 октомври објави воена операција против курдскиот народ во Сирија, Германија престана да ја снабдува со оружје Турција.

Во моментов, Америка воведе трговски санкции против Турција.

Согледувајќи ги затегнатите односи,  особено по неуспешниот државен удар воТурција, анализите укажуваат дека дојде до соработка на воено поле помеѓу Турција и Русија.

Соработката на воено поле помеѓу Турција и Русија најмногу е изразена во Сирија и Либија.

Ова зборува дека и Турција се вклучува во акцијата бркање на САД од Блискиот Исток.

Од тие причини ги купи ракетните системи С-400 од Русија, за да го заштити воздушниот простот од евентуална агресија од страна на САД.

Но, исто така по повлекувањето на нуклеарното оружје на САД од воздушната база во Турција, постои голема веројатност, веднаш да започне воен конфликт со Грција околу спорните острови.

Со започнување на воен конфликт помеѓу Турција и Грција би следело излегување или бркање на Турција од НАТО.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20