Офанзивната на Васко Ефтов продолжува, става равенка помеѓу ВМРО ДПМНЕ И СДСМ… Пратениците на ВМРО ДПМНЕ активно учествувале во промената на името на АРМ во АСМ..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Васко Ефтов и неговата емисија „во центар“ подолго време ја следам, многупати згорозувајќи се како новинар, како порано ги водеше емисиите.
Во зависност во која телевизија беше, а истата под чие партиско влијание беше на таа воденица ја тераше водата.
Дали со сопствено излегување од „Тв Алфа“ Каде беше и уредник (дали главен не се сеќавам) или на накој не му се допадна, започна емисијата да ја прави на јутуб.
Како новинар аналитичар забележав, дека неговата емисија го доби вистинскиот контекст. Со емисијата на јутуб застана на браникот на Македонија и македонскиот народ.
Во вечерашната емисија каде гости му беа историчарката Наташа Котлар – Трајкова и Парошки советникот на Солза Грчева, направи извонредна емисија со многу факти (без негови тези) им остави на соговорниците да се до искажат. По нивното искажување не изнесуваше негови тези, што зборува дека емисијата му стана издржана, влезе во новинарските шини.
Во вечерашната емисија изнесе, заедно со неговите гости, факти кои двете „македонски партии“ ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ги стави во ист кош – стави равенка меѓу нив.
Да земеме како „оправдување“ дека за отварање на уставот имало притосоци или уцени, како што вели Васко Ефтов „СЈО“ на 17 јануари оваа година, кога во Сообранието се изгласало промена и на името на македонската армија од Армија на Република Македонија во Армија на Северна Македонија, по предлог на Радмила Шеќеринска министерката за одбрана.
Изнесе интересн факт, кој и јас не го знаев, не ја следев таа седница.
На таа сообранијска седница 6 пратеници на „опозицијата“, заедно со кординатор на групата на ВМРО ДПМНЕ гласале за промена на името АРМ во АСМ (Армија на Северна Македонија).
Историчарката Наташа Котлар – Трајкова кажа за разлика од претседателсдките избори каде мора да се испуни цензусот, на парлеметартните избори немат цензус.
Тоа зборува дека колку и да бојкотираме не можат да пропаднат парламетарните избори.
На граѓаните на парламетарните избори ќе им остане да бират помеѓу две зла.
Јас, лично нема да излезам на избори, до оној момент кога ќе се создаде македонска национална партија, која ќе ги брани интересите на мојот македонски народ и мојата татковина Република Македонија!
Мене докторот ми забрани да јадам „благи работи“ особено шарени бонбончиња, никогаш не сум бил партијска војник.
Можеби ќе станам, ако бар пред заминување од овој свет видам дека се создала Македонска партија која ќе ги брани интересите на мојот македонски народ и мојатата татковина Република Накедонија, за кои моите дедовци и прадедовци се бореле.
Во моментот тоа не се ниту ВМРО ДПМНЕ, ниту СДСМ. Факт е дека мнозинското членови им се македонци, кои за шарени бомбончиња и родената мајка би си ја продале.
На Васко Ефтов првпат, за вечерашна емисија му одавам почит, му честитам за направена одлична и објективна емисија.
Ви препорачувам внимателно да ја погледнете.
Ќе забележете Мицковски и Заев од иста чинија јадат.