Трамп: „Што бараме на Блискиот Исток, прскапо не чини“… Русија и Кина ги примораа САД полека да се повлечат во својот двор. САД војската ја повлекува од Африка, наскоро и од Блискиот Исток…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Економскиот сојуз помеѓу Русија и Кина, незванично и воениот сојуз, полека ја сруши САД како единствена воена и економска светска сила. Ја примора полека да го прифаќа мунтиполарниот свет.
Како што е познато Русија САД ја надмина на воено поле, единствена поседува хиперсонично оружје.
Кина ги надмина на економско поле.
Не беше случајна изјавата на претседателот на САД дека има намера да ја повлече амириканската војска од Сирија и Авганистан, а најверотно ќе мора и од Ирак.
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави:
„Што бараме на Блискиот Исток, прескапо не чини, имаме најголоемо происвоство на нафта“.
По неговата изјава дојде и изјавата на министерот за одбрана на САД Мајк Еспер, дека намерава американска војска да ја повлече од Африка, да се насочи кон своите соперници Кина и Русија.
Повеќе за ова изјава на министерот за одбрана Мајк Еспер пишува порталот:
Порталот излезе со наслов:
„Нашата главна задача се нашите конкуренти Русија и Кина“
Пентагон размислува да го намали воениот контингент во Африка, така што наместо „задачи на оддалечените фронтови“, Америка се фокусира на поважните задачи, пред сè на „ривалството со големите сили – Русија и Кина“, рече американскиот министер за одбрана Марк Еспер.
„Кога ја понудив мојата кандидатура за оваа позиција, реков дека мојата цел ќе биде спроведување на Националната стратегија за одбрана. Секој знае што е таа стратегија и како изгледа воопшто. Нашата главна задача е да се натпреваруваме со Русија и Кина. Значи, секако, ќе се осврнам и на прашањето “, рече Еспер, според „Вашингтон егзаминер “.
Конгресот изрази загриженост за плановите на Пентагон за заминување на африканскиот контингент, истакнувајќи дека повлекувањето на американските трупи од Африка не само што ќе има негативно влијание врз борбата против тероризмот во регионот, туку ќе ги „ослободат рацете“ на Русија и Кина.
САД се буди, гледа дека главните шаховски фигури полека стануват Русија и Кина, се обидува да го избегне шах – матот, ги поставува пешаците (члеnките на НАТО) пред кралот, во првите борбени редови пред кралот.
Од тие пртичини Хрвтска и други членки на НАТО ги повлекоа своите војници од Ирак, по ракетниот напад на американските бази во Ирак.
Во секоја шаховска игра, прво пешаците се жртвуваат, значи први ќе страдат членките на НАТО…