Името е сменето 2011 година, се бараше само егзикутор (видео). ..Груевски го одбил името Северна Македонија 2011, со што ја разбеснил Хилари Клинтон….Латас фрли нуклеарка на Грчева, како и на Васко Ефтов…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Во новинарството постои правило за да се расудува вистински, морате да ги слушнете двете страни.
Како новинар аналитичар, во многу мои текстови кажав дека дипломирав на Југословенскиот Институт за Новинарство 1986 година, општи смер, група аналитичари. Од тие прини не го анализирав и не го коментирав видеото и емисијата „во центар“ на Васко Ефтов. Тоа го нагласив и на крајот од мојот коментар.
Ноќеска случајно налетав на емисијата „што не е јасно“ на „Тв Алфа“, каде гостин беше Драган Павловиќ Латас.
Изнесе екслузивни информации, особено кога е во прашање промената на името.
Кажа дека името е одредено уште 2011 година од нашиот „стратешки партнер“ САД.
Имено, тогаш донеле одлука да се викаме „Северна Македонија.
Спомна дека поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски бил повиокан во САД, дека Хилари Клинтон му пренела за промената на името, но Никола Гревски не го прифатил нејзиниот предлог.
Нејзиниот предлог бил тогаш Северна Македонија да бидеме само за надворешна употреба, а кога ќе влеземе во Европската Унија да се смени за внатрешна употреба.
По одбивањето на Никола Груевски, започнале прислушкуваните разговори, така наречени „бомби“, почнало барање на егзикутор.
Спомна дека улогата на егзикутор ја одбил и Бранко Црвенковски, поранешниот лидер на СДСМ премиер и претседател на Република Македонија.
Меѓу многуте во времето кога се преговараше и менуваше името, меѓу дригите и јас го обвинував лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, зошто не го крева народот на протести.
Драган Павловиќ Латас изџнесе интересен факт, дека Христија Мицковски останал без кадар, бидејќи главните играчи биле опфатени со „бомбите“.
Исто така, спомна дека имотот на ВМРО ДПМНЕ бил блокиран, а касата празна, а за организирање на еден протест требало најмалку 200 000 евра.
Не е исклучено поради ова причина лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски во тоа време се одлучи на разговори со народот, посетувајќи повеќе градови во Македонија.
На гугол ако искуцате Мицковски – Бејли ќе видете многу зеднички фотографии.
Ова зборува дека имал силен притисок во тоа време од американскиот амбасадор Џес Бејли, па од тртие прични веројатно не смеал да повика на бојкот за референдумот.
Факт е како што кажа Солза Грчева дека на пладне се јави, дека го бојкотира референдумот, кога видел дека нмема излезност.
Но, ако добро се проанилизират условите и под кој притисоци бил, не смеел пред време да повика на бојкот. Но, факт е дека за повик треба храброст, но и подготвеност за последиците.
Целата работа за бојкотот на референдумот не ја заврши движењето „БОЈКОТИРАМ“, иако тука не смее да се намали нивниот допринос.
Факт е дека целата работа за неуспешниот референдум ја заврши поранешниот претседателот Ѓоре Иванов, кој од јавната говорница на Обидинетите Нации го повика македонскиот народ на бојкот, со зборовите „Јас, нема да излезам на референдумот“.
Интересно е, што на референдумот не излезе и Бранко Црвенковски и Талат Џафери поради „застарени лични карти“.
Како новинар аналитичар не се согласувам со Драган Павловиќ Латас дека ќе ни треба подолго време за враќање на името.
Светската политичка сцена е сменета, САД е не е повеќе хегемонот, сега орото го водат Русија и Кина. Русија воено ја надмина САД, а Кина на економско поле.
Враќањето на името ќе оди многу побрзо, како и заминувањето на „стратешкиот парттнер“ во историјата.
Самиот факт, како што спомна професорот Димитар апасиев, дека „преспанскиот договор“ е „мртвотоденче“ дека е неуставно склучен, како и уставните промени кои се без потпис на претседателот како и „преспанскиот договор“, фактички се е невалидно.
Без потпис на претседателот Ѓоре Иванов е објавен во службениот весник се е невалдно.
Како професинален новинар аналитичар нема да давам анализи ниту за ово видео и коментар.
ВИ предлагам и ово видео внимателно да го изгледате, интервијуто на Драган Павловиќ Латас, сами да дојдете до заклучок и сопствено мислење за промена името.
Ќе имате можност од двете видеа да се обидете сами да дојдете до заклучок, кој ја зборува вистината.