Руската безбедност ќе биде „загрозена“ од 2030 година… Полска случи договор за купување на 32 американски „невидливи“ авиони Ф-35, во вредност од околу 5 милијарди долари. Авионите треба да ги добие до 2030 година, до тогаш Русија ќе биде „безбедна“…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Не можев, да се не насмејам кога го прочитав текстот на порталот:
Порталот излезе со наслов:
„ПОЛЛСКА СЕРИОЗНО СЕ НАОРУЖУВА! Полска купува 32 F-35 од Америка, а договорот е вреден скоро 5 милијарди долари!“
Еве го во целост текстот на порталот:
Полска потпиша договор од 4,6 милијарди американски долари за купување на 32 напредни борбени авиони Ф-35 од САД.
Документот беше потпишан од полскиот министер за одбрана Мариуш Бласкак и му беше предаден на американскиот амбасадор во Полска, Жоржет Мозбахер.
– Ова е исклучително важен ден за полските воздухопловни сили, за безбедноста на Полска и нашиот дел од Европа – рече полскиот претседател Анџеј Дуда на церемонијата за потпишување во Академијата за авијација во Демблин.
Дуда рече дека тоа е еден од најголемите договори во историјата на полските вооружени сили и индикатор за јачината на односите на таа земја со САД. Полска се очекува да ги преземе авионите Ф-35 помеѓу 2024 и 2030 година, а договорот вклучува обука, логистика и симулатори.
Новите авиони ќе ги заменат советските „миг-29“ борбени авиони кои сè уште се користат во полските воздушни сили. Полска ќе стане 10-та членка на НАТО што го поседува Ф-35.
Се надевам дека ова информација нема да дојде до претсаедателот на Турција Таијп Реџеп Ердоган. Турција е втора воена сила во НАТО (по број на војници) по САД, а САД одби да им продаде Ф-35.
Претседателот на Полска Анџеј Дуда кажа дека овој договор преставува историјска пресвртница за полските воздухопловни сили.
Се надева дека со 32 амирикански авиони Ф-35 Полска ќе биде„безбедна“ и тој дел на Европа од Русија.
Што најмногу ме насмеја во текстот?
Со договорот Полска авионите треба да ги добие во периодот од 2024 до 2030 година.
Познато е дека мадатот на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин треба да заврши 2024 година.
Потоа на Полска ќе и биде полесно да ја „преваспита“ Русија…
Навистина, ќе треба да почекаат до 2030 година, за целосната испорака на авионите Ф-35, но Историја си е Историја, настаните бавно се случуваат.
Ова зборува дека Русија до 2030 можат да ја следат „кошмарни сонови полски Ф-35“, потоа Полска може да стане „дел од исотијата“ ако не се потруди тоа биде пред 2030 година.
Штета што во Полска се забранети рускиот јазик и медиуми, ќе слушнеа за руските радари „Контињер“ и нивното хиперсонично оружје.
Русија на воено поле стана многу „безобразна“!
Со новиот радарски систем „Контињер“ на неколку илијади колимотре ги открива „неведливите“ американски авиони Ф-35.
Пентагон остана во паника по изјавата на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, дека по ракетниот напад на Иран врз базите на САД во Ирак, регистрирале 6 амирикански неведливи Ф-35 како полетале кон Иран.
Авионите се регистрирани на одалеченост од 1.500 километри.
Веројатно се невидливи ако излезат од орбитата на земјата..